Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени во текстот и вратена ревизијата 3201328 на Ehrlich91
Ред 14:
 
=== СССР ===
ПоразотПо поразот на [[Руска Империја|Руската Империја]] во Првата Светска Војна во 1917 во Русија се случиле двете руски револуции кои што ќе остават траен белег врз светот не само во 20 век, туку општо во целата историја не само на Русија и Европа, туку и врз историјата на целото човештво: [[Февруарска револуција|Февруарската буржоаско-демократска револуција]], со која царот [[Николај II]] абдицирал, со што и официјално бил ставен крај на повеќе од 300 годишното владеење со Русија од страна на [[Династија Романов|царската династија Романови]], како и на 200 години старата [[Руска Империја]], и [[Октомвриска револуција|Октомвриската социјалистичка револуција]], со која во Русија на власт дошле [[Болшевици]]те предводени од страна на [[Ленин|Владимир Илич Ленин]], по што бил создаден Сојузот на Советските Социјалистички Републики или [[СССР]], уште попознат како Советски Сојуз. По смртта на Ленин во 1924, власта во СССР ја превзел еден од најбруталните диктатори општо познати на целото човештво, [[Јосиф Сталин|Јосиф Висарионович Сталин]].
 
=== Италија и Јапонија ===
Ред 57:
=== Напредокот на силите на Оската ===
[[Податотека:Second world war europe 1941-1942 map en.png|200п|десно|мини|Напредокот на силите на Оската во 1940-1943 година (во сина боја) во Европа.]]
Истиот ден, 10 мај 1940, Германија започнала со инвазијата на Франција и нејзините соседи Белгија, Холандија и Луксембург. [[Битка за Холандија|Битката за Холандија]] траела од 10 мај до 14 мај 1940, а завршила со победа на Германија и капитулација на Холандија. [[Битка за Белгија|Битката за Белгија]] траела од 10 мај до 28 мај 1940, а завршила со победа на Германија и капитулација на Белгија, а со нејзината окупација завршила и окупацијата на Луксембург. Германските сили ги заобиколиле француските сили кои биле распоредени на француската одбранбена линија Мажино, преку окупираните Холандија, Белгија и Луксембург и преку Ардените. Британските сили морале да се евакуираат од континентална Европа преку пристанишниот град [[Денкерк]]. На 10 јуни 1940 и Италија им објавила војна на Франција и Велика Британија,<ref name="FreeFromFear439">Kennedy, David M. ''Freedom from Fear: The American People in Depression and War, 1929–1945'', стр. 439.</ref> а 12 дена подоцна Франција капитулирала, иако официјалниот датум за почетокот на [[Битка за Франција|Битката за Франција]] е 10 мај 1940, а официјалниот датум за крајот на битката со победа на Германија и капитулација на Франција е 25 јуни 1940. Франција била поделена на германска окупациона зона, италијанска окупациона зона и независна зона под контрола на квислиншка влада на чело со [[Маршал Петен]] со седиште во Виши, уште попозната како [[Вишки режим|Вишкиот режим]].<ref>Militärgeschichtliches Forschungsamt. ''Germany and the Second World War&nbsp;— Volume 2: Germany's Initial Conquests in Europe'', стр. 311.</ref> На 14 јули 1940 британските сили ја нападнале француската морнарица во Алжир со цел да ја спречат Германија да превземе команда врз истата.<ref>Brown, David. ''The Road to Oran: Anglo-French Naval Relations, September 1939 – July 1940'', стр. xxx.</ref>