Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 57:
=== Напредокот на силите на Оската ===
[[Податотека:Second world war europe 1941-1942 map en.png|200п|десно|мини|Напредокот на силите на Оската во 1940-1943 година (во сина боја) во Европа.]]
Истиот ден, 10 мај 1940, Германија започнала со инвазијата на Франција и нејзините соседи Белгија, Холандија и Луксембург. [[Битка за Холандија|Битката за Холандија]] траела од 10 мај до 14 мај 1940, а завршила со победа на Германија и капитулација на Холандија. [[Битка за Белгија|Битката за Белгија]] траела од 10 мај до 28 мај 1940, а завршила со победа на Германија и капитулација на Белгија, а со нејзината окупација завршила и окупацијата на Луксембург. Германските сили ги заобиколиле француските сили кои биле распоредени на француската одбранбена линија Мажино, преку окупираните Холандија, Белгија и Луксембург и преку Ардените. Британските сили морале да се евакуираат од континентална Европа преку пристанишниот град [[Денкерк]]. На 10 јуни 1940 и Италија им објавила војна на Франција и Велика Британија,<ref name="FreeFromFear439">Kennedy, David M. ''Freedom from Fear: The American People in Depression and War, 1929–1945'', стр. 439.</ref> а 12 дена подоцна Франција капитулирала, иако официјалниот датум за почетокот на [[Битка за Франција|Битката за Франција]] е 10 мај 1940, а официјалниот датум за крајот на битката со победа на Германија и капитулација на Франција е 25 јуни 1940. Франција била поделена на германска окупациона зона, италијанска окупациона зона и независна зона под контрола на квислиншка влада на чело со [[Маршал Петен]] со седиште во Виши, уште попозната како [[Вишки режим|Вишкиот режим]].<ref>Militärgeschichtliches Forschungsamt. ''Germany and the Second World War&nbsp;— Volume 2: Germany's Initial Conquests in Europe'', стр. 311.</ref> На 14 јули 1940 британските сили ја нападнале француската морнарица во Алжир со цел да ја спречат Германија да превземе команда врз истата.<ref>Brown, David. ''The Road to Oran: Anglo-French Naval Relations, September 1939 – July 1940'', стр. xxx.</ref>