Павел Христов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
По [[Илинденското востание]] во 1903 година бил избран за раководител на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]]. На [[Рилскиот конгрес]] во 1905 година е делегат од Битолскиот округ, а на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] во 1908 година е избран за член на Централниот комитет. По [[Младотурската револуција]] бил училишен инспектор во [[Битола]].<ref>[http://www.scribd.com/doc/50398723/%D0%97%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0 Колектив, Значајни личности за Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2007, стр. 246-247]</ref>
 
Во периодот 1910 - 1911 година бил задграничен претставник на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] во [[Софија]] <ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 15.</ref> и го помагал обидот за обнова на Битолскиот револуционерен округ.
 
Во [[Балканските војни]], Павле Христов бил доброволец во [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]]. Првично бил во четата на Панајот Каранфилов, а потоа ја предводел чета бр. 23, составена од 13 лица, која дејствувала во Битолско како поддршка на српските војници. Заедно со Крсте Маликов и над 400 четници, ја прекинал на неколку места железничката линија меѓу [[Лерин]] и [[Кременица]] и предизвикал паника во тилот на турската војска кај Битола.<ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 23.</ref>
Ред 26:
За време на [[Првата светска војна]], Павле Христов заедно со Петар Чаулев е на чело на голема организациска чета, која дејствувала во тилот на српската армија и влегол во [[Крушево]] три дена пред доаѓањето на бугарската војска. Помеѓу 1915 - 1918, кога Вардарска Македонија е во рамките на Бугарија, тој е окружен финансиски раководител, а подоцна и окружен управник на [[Битола]].<ref>Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 180.</ref>
 
По војната, Христов е во редовите на левицата и влегол во [[Привремено претставништво на поранешната Внатрешна организација|Привременото претставништво на поранешната ВМОРО]]. Во [[1921]] година заминал за Албанија, како претставник на [[Македонска федеративна организација|Македонската федеративна организација]], и заедно со [[Александар Протогеров]] склучил договор со албанските револуционери, на чело со [[Хасан Приштина]], за заедничката борба против српската власт во [[Вардарска Македонија]] и [[Косово]]. Според договорот, Албанија требала да јаго добие Новопазарскиот санџакКосово и КосовоНовопазарскиот санџак, Македонија да стане независна држава уредена како федерација, а за Дебарскиот санџак било одлучено да се спроведе референдум.
 
Павле Христов умрел на 6 јуни 1922 г. во Софија од [[туберкулоза]].<ref>Енциклопедия България, том 7, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, София, 1996.</ref> Според [[Милан Матов]], пред тој да почине, [[Тодор Александров]] испратил теорористи да го убијат, но тие, кога виделе дека е на смртна постела, го оставиле на мира.<ref>Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 243 стр.</ref>
 
== Наводи ==