Стара скопска чаршија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
}}
{{содржина-десно}}
'''Стара скопска чаршија''' ({{lang-tr|Üsküp Türk Çarşısı}}, во превод „Стара турска чаршија“; {{lang-sq|Çarshia e Vjetër e Shkupit}}) — трговски и културно-историски дел во [[Скопје]] и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од [[Камен мост|Камениот мост]] до Бит-пазар и од [[Скопско кале|Калето]] до реката [[Серава]].<ref name="За чаршијата">[http://staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=127&Itemid=27&lang=mk Стара скопска чаршија: За чаршијата], ''staracarsija.mk''.</ref> Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините [[Општина Чаир|Чаир]] и [[Општина Центар|Центар]].
 
Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од [[XII век]].<ref name="Macedonia National Tourism Portal">[http://www.exploringmacedonia.com/default.asp?ItemID=7F8C63EBC722BE42A26410EDD0DE8F9C Old Bazaaar - Skopje], Macedonia National Tourism Portal.</ref> Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 [[Џамија|џамии]], бројни [[Сарај|сараи]] и [[ан]]ови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со [[земјотрес]]ите од [[1555]] и [[1963]] година, пожарот во [[1689]] година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во [[Македонија]], во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.<ref>[http://utrinski.mk/?ItemID=CB5815741140814B941CB8E246389F64 „Звуците на чаршијата“ ќе го заживуваат старото градско јадро], ''[[Утрински Весник]]'', 13 септември 2010.</ref>