Масакр кај Љуботенски Бачила: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Во почетокот на август [[2001]] година во околината на селото [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] се позиционирани единици на Третиот баталјон на Првата гардиска бригада на [[АРМ]] и Вториот баталјон на 114-та бригада на [[ОНА]]. И единицата на [[АРМ]] и единицата на [[ОНА]] имаат по околу 500 луѓе, а единствената разлика е во артилериското вооружување, каде што предноста е на страната на [[АРМ]].
 
Единиците на [[АРМ]] се поставени во селата [[Бродец]], [[Раштак]] и [[Љубанци]], каде што се наоѓа и командниот центар на Третиот баталјон. Единицата на ОНА се наоѓа од другата страна на [[Скопска Црна Гора]], кај [[Манастир „Матејче“|манастирот „Матејче“]], на околу 8 километриkm по воздушна линија.
 
На [[10 август (настани)|10 август]] [[2001]] година, околу 8 часот наутро, кај месноста [[Љуботенски Бачила]] на околу 5 километриkm од селото, [[камион]] на [[АРМ]] полн со [[муниција]] налетува на две [[нагазна мина|нагазни мини]] поставени на патот. Во [[експлозија]]та гинат 8 војници од [[Резервен состав на АРМ|резервниот состав на АРМ]]. Веднаш по нападот почнува неколкучасовна престрелка меѓу [[ОНА]] и втората чета на Третиот баталјон, од каде што се и загинатите војници. Во текот на престрелката е извршен воздушен напад врз формацијата на ОНА со [[Хеликоптер „ми-24“|хеликоптери „ми-24“]] и тие се повлекуваат.
 
Во меѓувреме, во знак на одмазда е гранатирано селото [[Љуботен (Скопско)]] и во тој напад загинуваат двајца [[цивил]]и.
 
Истиот ден во вечерните часови во селото [[Љубанци]] пристигнува полициската единица на [[Јохан Тарчуловски]] и врши извидување на [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]].
 
Наредниот ден, [[11 август (настани)|11 август]], е релативно мирен, со исклучок на два помали напада од [[АРМ]] и од [[МВР]]. Утрото меѓу 8 и 10 часот единиците на [[АРМ]] отвораат оган кон селото од [[малокалибарско оружје]], додека попладнето околу 18 часот полициската единица испукува неколку ракети.
 
Во неделата, [[12 август (настани)|12 август]], околу 8 часот наутро, почнува нападот врз селото изведен од полициската единица што ја командува Тарчуловски. Нападот е поддржан од армиските единици на Третиот баталјон, кои го [[гранатирање|гранатираат]] селото со расположивите артилериски орудија. Во тој момент во [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] се наоѓаат меѓу 10 и 15 лесновооружени припадници на [[ОНА]]. Полициската акција за чистење на селото трае околу 6 часа и во неа гинат шест жители на селото, а околу 14 куќи се запалени. Од гранатирањето се уништени уште седум куќи. Во меѓувреме, околу 11 часот, единиците на [[ОНА]] од местото [[Бел Камен]], кое се наоѓа на околу 4 километриkm од селото, отвораат минофрлачки оган врз армиските позиции за да го заштитат повлекувањето на нивните борци од селото. Истовремено контингент со околу 60 припадници на [[ОНА]], преку [[Никуштак]], доаѓа пред [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] и се обидува да ги заобиколи армиските позиции и да влезе во селото. Меѓутоа тие се пресретнати од армиските единици и нападнати кај месноста [[Раштански Поток]] и потоа се повлекуваат. Околу 17 часот сите акции се запрени.
 
Случајот „Љуботенски''Љуботенски Бачила“Бачила'' не е сосема расветлен. Освен шпекулациите дека поставувач на мината е групата на [[Џавид Асани]], командант во [[ОНА]], не е утврдено кој ја направил заседата. Асани моментално е во затвор во [[Косово]] поради друго кривично дело.
 
[[Категорија:Република Македонија, вооружен конфликт 2001]]