Герман (Леринско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 38:
 
== Историja ==
Во селото [[Герман]], во [[1888]], билаг. е пронајдена [[Самуилов натпис|надгробна плоча]] на [[Комес Никола|комитата Никола]], жена му Рипсимија и синот Давид. Таа била поставена таму од цар [[Самоил]] во 6501 година од Почетокот на светот, [[индикт]] 6 (времето меѓу [[1 септември]] [[992]] и [[31 август]] [[993]] година). Гробот на кого што била поставена не е пронајден, но се смета дека се наоѓал во црквата „Св. Герман“. Не е познато кога умреле Никола и жена му. Давид бил убиен во [[976]] од некои [[Власи]] во местото Убавите дабови крај [[Костур]]. Се претпоставува дека комитата Никола умрел во селото Герман или во околината, каде што и може да управувал. Моментално плочата се наоѓа во Софискиот музеј, најверојатно пренесена во виорот на војните.
 
За време на ослободителната борба регионот бил меѓу најдобро подготвените и зел активно учество во [[Илинденското востание]]. Долнопреспанските жители пред востанието од 1903 година формирале чета од 150 востаници од долнопреспанските села под раководство на војводата [[Петре Дамовски - Германчето]] и под идејно водство на [[Наум Геровски]] и двајцата од село Герман. Тогаш комитетот, со седиште во село Герман, бил во состав на битолската револуционерна организација. На почетокот на востанието [Турци]те се повлекле од селото, коешто била веднаш зафатено од четите на [[Никола Кокарев]] и [[Јован Кафеџијата]]. Заедно со четата на [[Ангел Андреев]] тие чинеле 300 востаници. Аскерот двапати го напаѓал Герман, на 18 и 21 август, и на двата пати одбиен. [[Етем-паша]] со 6.000 луѓе ги зазел сите места и ги нападнал германската и битолската чета кои беа засолнети меѓу Рудари и Герман, во месноста [[Штрковска Стена]]. Почнала голема битка во која паднале 45 души од битолската чета и 16 од германската. Во месноста Елата Турците го фатиле Никола Топалов, четник од германската чета, жив го одрале, му ги извадиле очите и така го оставиле да умре. На 28 август, кај месноста [[Бигла]], Турците повторно ги нападнале избеганите од битолската чета. Тука најмногу паднале, а меѓу нив и војводата Јован. На Бигла биле закопани 24 души од битолската чета. По ова битолската и германската чета се растуриле.