Разлика помеѓу преработките на „Анастас Јанков“

Одземени 2 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
Неколку години по формирањето на ВМК станува негов член, и во [[1902]] г. заминува за Македонија, со цел да им помогне на тамошните свои сонародници. Подоцна оди во Грција и Србија, со мисија кај тамошните авторитети да добие поддршка за борбата за автономијата на Македонија. Јанков е еден од најголемите идеолошки противници на [[ВМОРО]] во однос на тоа дали Македонија треба да се ослободи однатре самостојно, или со помош на бугарската армија.<ref>[http://www.sitebulgarizaedno.com/index.php?option=com_content&view=article&id=395:2012-03-20-15-20-48&catid=29:2010-04-24-09-14-13&Itemid=61/ Анастас Јанков: „Моите възспоменания по македоно-одринския въпрос“, Синева, Софиja, 2003 г.]</ref> Неговата преголема доверба и наклонетост кон [[Гркомани|гркоманот]] [[Коте Христов]] од село [[Рулја]], [[Леринско]], сериозно ѝ наштетиле на Организацијата.<ref>Спомени на Пандо Кљашев за дејаниjaтa на Анастас Јанков во Леринско - [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk15.htmlhttp://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk15.html I дел], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk16.html II дел], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk17.html III дел], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk20.html IV дел]</ref>
 
[[Податотека:Povik do Makedoncite Anastas Jankov 1902.jpg|деснолево|350п|мини|Повик до Македонците од Анастас Јанков]]
Сепак, треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон македонското национално дело и афирмирање на [[Македонски извори за македонскиот идентитет|македонската национална посебност]]. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да формираат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станала свесна за националната посебност на Македонците. Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонесле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на [[Македонци|македонското]] етничко потекло на Македонците.
 
302

уредувања