Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 105:
'''Протеини'''
Внесувањето на протени во вегетаријанската исхрана е само малку помало од она во исхраната која вклучува и месо, и може да ги задоволи дневните барања на секој човек, вклучувајќи ги и на спортистите и на бодибилдерите. Проучувањата направени од Универзитетот Харвард како и други проучувања спроведени во Обединетите Држави, во Обединетото Кралство, во Канада, во Австралија, во Нов Зеланд и во многу европски држави, потврдија дека доколу се достапни и се конзумираат различни растенија, вегетаријанската исхрана обезбедува доволно количество на протеини. Протеините се состојат од аминокиселини и она што често предизвикува загриженост во врска со протеините кои се добиваат од зеленчукот е дали тие имаат доволно количество од неопходните аминокиселини, кои човечкото тело не може да ги синтетизира. Додека млечните производи и јајцата претставуваат доволен извор на протеини за оволактовегетаријанците, неколку зеленчуци имаат значителни количини од сите осум видови на есенцијални аминокиселини. Во овие зеленчуци спаѓаат : грав, соја, семе од коноп, семе од чиа[[кија]], амарант[[штир]], [[елда]], семки од [[тиква]], [[спирулина]], ф’стци[[ф’стак|ф’стаци]] и киноа[[киноја]]. Сепак, есенцијалните аминокиселини можат да се внесат и со јадење на различни комплементарни извори на растенија, кои доколку се во комбинација, можат да ги обезбедат сите осум есенцијални аминокиселини. На пример, не е потребна комбинација од кафеав ориз и грав или хумус и цела пита од пченица. Во 1994 година, едно истражување покажа дека разновидна доза од вакви извори може да биде доволна.
 
'''Железо'''