Штипско кале - Исар: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{ВО изработка}} '''Штипското кале или тврдина Исар''' се наоѓа меѓу реките Брегалница...
(нема разлика)

Преработка од 12:40, 12 март 2014

Предлошка:ВО изработка Штипското кале или тврдина Исар се наоѓа меѓу реките Брегалница и Отиња, на вонредно стратешка позиција. На источната страна, каде што косината на ридот се спушта благо, расположен е сегашниот град Штип кој се развил од средновековно предградие. Не е познато ѕидањето на оваа тврдина. Самиот град Штип го знаеме по името Стипион од античко време. Но, секако, оваа тврдина, имајќи ги сите одлики на средновековните фортификациони градби, настанала во ова време. Познато е од историски извори дека Штип се наоѓал во границите на Самоиловата држава, а по најзиното пропаѓање го презеле Византијците. Во почетокот на 13 век Штип бил под бугарска власт, а по битката на Велбужд потпаднал под управа на Стеван Дечаноски. Потоа, во тврдината се населувале властелините Оливер, Хреља и Константин Деановиќ. Турција го зазеле градот, во 1382 година.

Имајќи ги предвит условите во кои живееле средновековните владетели и властелини и вонредната стратешка положба на оваа тврдина, лесно можеме да претпоставиме дека од раниот среден век, па сè до времето кога поради појавата на огненото оружје настапувало општо напуштање на средновековните тврдини, штипското кале играло важна улога во нивниот живот, и по секој наплив на непријателот што бил следен со делумни уривања, било поправено од нивнот господар.