Теодор Момзен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Момсен, Кристијан Матијас Теодор (30 ноември 1817, Гардинг, тогаш во Данска - 1 ноември 1903, Шарлотенберг, денес Берлин, Германија), германски историчар и писател, добитник на Нобелова награда за литература во 1902 година за големото мајсторство во пишувањето дела со историска тематика и посебно за монументалната „Историја на Рим“. <ref>НИД„Микена“ Битола,2009 </ref>
Момсен, Кристијан Матијас Теодор (30 ноември 1817, Гардинг, тогаш
==Животен пат==
Татко му бил протестанстки свештеник и го насочувал да ја сака литературата, го запознал со германската поезија. Подоцна, во гимназијата во Алтона, Момсен се здобил со образование по класичните јазици и литература, филозофија, реторика и германска литература. Во 1838 година се запишал на Универзитетот во Кил и изучувал филозофија на правото. Сеопределил за проучување и толкување на античките натписи. Како студент, Момсен се издвојувал со своето широко интересирање и со длабоките познавања. По препорака на професорите, данската влада му одобрила стипендија на Момсен и тој три години престојувал во Италија. Таму почнал да ги собира материјалите за „Корпус од латински написи“. По враќањето во 1847 година, Момсем се вклучил во движењето за ослободување на провинцијата Шлезвиг од данското управување. За време на Револуцијата (1848) го уредувал либералниот весник „Шлезвиг-Холштајнише цајтунг“. Кон крајот на 1848 година станал професор по римско право на Универзитетот во Лајпциг. Поради своите либерални сваќања бил принуден да се пресели и од 1852 година предавал во Цирих. Почнал да ја пишува „Историјата на Рим“: од првиот до третиот том 1854-1856, четвртиот останал незавршен, а петтиот е објавен во 1885 година. Во овој труд Момсен ги изнесува своите енциклопедиски знаења за древниот Рим. На високо научно ниво, историјата (наменета и за обични читатели) му донела голема популарност. Овој фондументален труд станува едно од најпопуларните дела. Во 1854 година Момсен се вратил во Германија и добил професорско место на Универзитетот во Берлин. Момсен се занимавал и со политичка дејност како пратеник на Прогресивната партија во Парламентот на Прусија (од 1863 до 1866 и од 1873 до 1879 година), а по обединувањето на Германија бил пратеник на Рајхстагот (1881-1884 година).
==Литературни дела==
Момсен е автор на повеќе од 1500 трудови по речиси сите прашања од римската историја: државно право, нумизматика, епиграфика, хронологија, литература и лингвистика, со што тој врши силно влијание врз современата историска наука и филологијата. Меѓу 1871 и 1888 година го објавил „Римското конституционо право“ во три тома, а во 1899 година „Римско кривично право“.
 
 
== Наводи ==
{{наводи}}