Мустафа Кемал Ататурк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 50:
==== Ран живот ====
 
По неговото раѓање го добива името ''Мустафа'' додека пак презимето му било ''Кемал'', што во превод значи „совршеност“. Името го дал неговиот наставник по [[математика]] бидејќи Ататурк поседувал одлично познавање од областа на математиката.<ref>{{цитирана веб страница |url=http://www.turkishembassy.org/index.php?option=com_content&task=view&id=300&Itemid=317 |title=Mustafa Kemal Atatürk |publisher=Turkish Embassy website |accessdate=2007-08-07}}</ref> Во неговите рани години Мустафа посетувал религиозноврско училиште, по совет на неговата мајка, но тоа траело краток период. Подоцна, Мустафа се запишал во приватното секуларно училиште [[Училиште Шемси Ефенди|Шемси Ефенди]] по совет на неговиот татко. Неговите родители сакале Ататурк да се запише во трговско училиште, но Кемал без нивно прашање се запишал во основно воено училиште во [[Солун]] во [[1893]] година. Во [[1896]] година се запишал во средното воено училиште во [[Битола]]. Во [[1899]] година станал дел од воениот колеџ во [[Истанбул]] и дипломирал во [[1902]] година. Кемал Ататурк дипломирал на воената академија на [[11 јануари]] [[1905]] година. Вредно е и битно е да се напомене дека по таткова семејна линија Мустафа Кемал Ататурк потекнува од селото Коџаџик кој се наоѓа во областа Жупа во Дебар- Република Македонија, кадешто во 2009 година во август се подигнаа темелите на куќата на семејството на неговиот татко Али Риза ефенди.
 
==== Личен живот ====
Ред 127:
[[Податотека:Ataturk-1924-Bursa-public.jpg|десно|170п|мини|Кемал Ататурк држи говор во Бурса во 1924 година.]]
 
Укинувањето на [[калифат]]от било значајна за остварување на реформите на Мустафа Кемал поврзани со политичкиот систем и националните реформи. Калифатот бил јадрото на политичкиот концепт на сунитскиот ислам. Укинувањето на султанството било полесно бидејќи опстанокот на калифат ги здоволувал партизаните. Ова произвело двостран систем во републиката, од една страна калифатот од друга страна републиката. Кемал и Инону загрижени дека „сувереноста ќе се врати под маската на калифот“, калифот [[Абдул Меџит II]], бил избран после укинувањето на султанството во [[1922]]. Калифот имал свое богатство и свој личен и државен персонал. Мустафа Кемал рекол дека нема „религиозно“„верско“ или „политичко“ оправдување за ова. Тој верувал дека калифот Абдул Меџит II ги следел чекорите на султанот во домашните и надворешните работи, како: прифаќање на странски претставници и резервни офицери, воглавно за време на свечености. Ататурк сепак сакал да се интегрираат овластувањата на калифатот со овластувањата на Собранието. Неговите почетни активности започнале на [[1 јануари]] [[1924]] година. Тој се здоби со согласност од Инону, Чакмак и Озалп пред укинувањето на калифат и калифот изјавил дека нема да се меша во политички прашања.
 
На [[3 март]] [[1924]] година, калифатот официјално бил укинат и неговите овластувања во рамките на Турција биле предадени во рацете на Собранието. Дебата од другите муслимански држави била одржана за веродостојноста на едностраното укинување на калифатот . Конференцијата се одржала во [[Каиро]] во мај [[1926]] година и била донесена резолуција за прогласување на калифат како „неопходност во исламот“, но не успеала да се спроведе оваа одлука. Две други исламски конференции биле одржани во [[Мека]] (1926) и [[Ерусалим]] (1931), но повторно не успеале да постигнат консензус . Турција во никој случај не ги прифаќала одлуките на конференциите.