Архитектонски поредок: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 32 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q217175 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
[[Податотека:Table of architecture, Cyclopaedia, 1728, volume 1.jpg|thumb|right|250px|Архитектонска таблица, ''Cyclopaedia'', 1728]]
 
'''Архитектонскиот поредок''' е систем од повеќе [[антика|антички]] начини на градење кој се одликувал со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните [[столб]]ови и [[капител]]и. Секој стил си има своја соодветен [[перваз]], кој се состои од [[архитрав]], [[фриз]] и [[корниз (архитектура)|корниз]]. Од XVI век, па наваму, теоретичарите распознаваат ''пет реда''. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: [[тоскански ред|тоскански]] (римски) и [[дорски ред|дорски]] (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); [[јонски ред|јонски]] (грчка варијанта) и јонски (римска варијанта); [[коринтски ред|коринтски]] (грчки и римски) и [[сложен ред|сложен]] (римски). Првичните антички архитектонски редови се само три, дорскиот, јонскиот и коринтскиот и биле измислени од грците. На овие римјаните им придодале два, тосканскиот, кој е попрост од дорскиот, и сложениот, кој е поорнаментален, ако не и поубав, отколку коринтскиот. Меѓутоа само првите три реда се одликуваат со вистинска инвентивност и особен карактер, и темелно се разликуваат еден од друг; другите два се одликуваат со позајмени елементи и меѓусебно се резликуваат само случајно. Тосканскиот е всушност дорски ред во најрана фаза, а сложениот е коринтски збогатен со јонскиот. Затоа светот им должи на грците, а не на римјаните, за оваа промисленост и особеност во архитектурата.
 
''Редот'' на една класична зграда е како ''стилот'' или ''клучот'' во класичната музика. Утврден е врз база на извесни ''модули'' како ''интервалите'' во музиката, и затоа покрева извесни очекувања од публиката која е наштимана на неговиот јазик. Редовите се како ''граматиката'' или ''реториката'' на некоја композиција.