Одисеја: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Тројанскиот период, освен периодот од Тројанската војна, го вклучува ѝ талкањето на Одисеј по светот. Ова е опишано во хомеровата Одисеја<ref name="HeliosTr">{{cite encyclopedia|title=Trojan War|encyclopedia=Encyclopaedia The Helios|year=1952}}</ref>.Одисеја го опишува враќањето на Одисеј во родната му [[Итака]], по крајот на [[Тројанска војна|Тројанската војна]], како и случувањата со неговата сакана сопруга [[Пенелопа (митологија)|Пенелопа]] и неговиот син [[Телемах (митологија)|Телемах]], која и покрај толку години му останала верна на својот сопруг.
 
Тоа патување траело околу десет години. Кога Одисеј се вратил на островот, тој успеал да си ја поврати власта во кралството, бидејќи истата му била одземена од страна на просјаците. По пристигнувањето на островот, Одисеј бил препознаен само од неговото куче. Идентитетот на Одисеј бил скриен со помош на [[Атена (митологија)|Атена]], која го претворила во старец. Својот идентитет Одисеј го докажал повторно со помошта на Атена, успевајќи да ја затекне стрелата од својот лак. На крајот, со истата таа стрела, тој со помош на Телемах ги убил сите оние кои пртходно му го зазеле кралството. Кога Одисеј ги убил луѓето кои ја барале за сопруга неговата Пенелопа
 
Научниците со помош на астрономски податоци и компјутерски анализи, успеаа да го утврдат точниот датум на масакрот што го извршил Одисеј врз луѓето кои ја проселе неговата сопруга Пенелопа, еден од најкрвавите настани опишани во античката книжевност. - Меѓутоа, и понатаму се размислува дали сето ова е плод на Хомеровата фантазија или е засновано на вистински настан
 
Барајќи по мистеријата стара 3.000 години, применувајќи астрономски податоци на Хомеровата „Одисеја“, оваа недела американските истражувачи соопштија дека успеале да го утврдат датумот на еден од нај крвавите настани опишани во античката книжевност, масакрот на Одисеј врз луѓето кои ја проселе неговата сопруга Пенелопа непосредно пред враќањето од Тројанската војна.
 
Според резултатите на студиите кои ги објави Националната академија на науките, Одисеј творецот на прочуениот „тројански коњ“, со чија помош Грците конечно по 10 години успеале да го скршат отпорот на Тројанците, на 16-ти април 1178 година п.н.е. ги убил луѓето, кои го зазеле неговиот дом, обидувајќи се неговата сопруга да ја натераат да се омажи за еден од нив.
 
Сепак, многу прашања врзани за овој настан останаа отворени, како прашањето дали слепиот поет Хомер опишал вистински настан или пак тоа е само плод на неговата фантазија.
 
- Убедени сме дека успеавме да дознаеме што навистина се случило... Одделните настани кои Хомер ги опишал, навистина се засновани на историски факти, изјавува за „Лос Ангелес тајмс“ Скот Хулер, автор на книга за патувањата на Одисеј. Според Хомер, Одисеј бил крал на Итака, син на Лаерт и Антиклеја (ќерка на Автолик од Парнас), маж на Пенелопа и татко на Телемах. Според други преданија, Одисеј бил син на Сизиф и татко на Кирка, Калипсо и другите нимфи.
 
Одисеј е прикажан како исклучително мудар, остроумен, речит, снаодлив, храбар и истраен воин.
 
Централната тема во „Одисеја“ е неговото скитање и враќањето дома во своето кралство, која е прикажана во 24 епски поглавја.
 
Поглавјата од осум до 13 го опишуваат неговото скитање од Троја до Итака. Најпрво пристигнал во земјата Лотофага, каде со голема мака ги ослободил своите пријатели кои паднале во летаргија бидејќи јаделе лотос. Ослепел еден џин, киклопот Полифем и побегнал од неговата пештера заврзан за стомак на овен. Во борбите со човекојадците Лестригонците, загубил 11 од вкупно 12 сопствени бродови.Потоа пристигнал на островот на волшебничката Кирка, каде ги спасил своите пријатели кои Кирка ги претворила во свињи. Потоа ја посетил земјата на духовите каде разговарал со духот на Агамемнон и дознал од пророкот на Тиресија како да го ублажи гневот на Богот Посејдон. Единствено тој ја преживеал бурата и стигнал на идиличното острово на нимфата Калипсо.
 
По 20 години скитање, Одисеј конечно се вратил на Итака - токму во моментот кога неговата жена Пенелопа и синот Телемах се обидувале да се заштитат од многуте мажи кои ја проселе Пенелопа во негово отсуство, за да го заземат неговото кралство.
 
Кога конечно пристигнал, се разгневил што затекнал 109 мажи кои ја терале неговата сопруга да го прифати фактот дека тој е мртов и да се омажи за еден од нив.
 
Посоветувана од божицата Атина, Пенелопа организирала натпревар со стрелање од стрелата на Одисеј, за најдобриот стрелец да се омажи за неа.
 
Одисеј пристигнал дома токму во тој момент. Во почетокот го препознаа само верниот пес и дадилката. Тој го докажал својот идентитет со помош на божицата Атина така што само тој успеал да го затегне лакот и да ја фрли стрелата.
 
На крајот со помош на Телемах, ги убил сите мажи кои и нуделе брак на Пенелопа. Таа веднаш не поверувала дека тој е вистина нејзиниот сопруг, но подоцна конечно го прифатила како својот одамна загубен сопруг и крал на Итака.
 
Масакрот е најавен со фразата: „Сонцето го снема од небото, а несреќна темнина го зазема светот“.
 
Грчкиот историчар Плутарх го објаснил стихот со затемнувањето на сонцето, со кој многумина се согласуваат, но има и модерни истражувачи кои веруваат дека станува збор само за метафора.
 
Истражувачите порано утврдиле дека над Јонското Море дошло до затемнување на сонцето на 16-ти април 1178 година п.н.е. кое се совпаѓа со погодувањето дека Троја паднала меѓу 1192 и 1184 година п.н.е.Марчело Мањаско од Универзитетот Рокфелер и Константино Бајкузис од Астрономската обсерваторија во Аргентина внимателно ја читале „Одисеја“ барајќи астрономски податоци.
 
Тие откриле дека на денот на масакрот била млада месечина и дека шест дена пред настанот високо на небото можела да се види планетата Венера.
 
Користејќи компјутерска анализа, тие утврдиле дека затемнувањето на сонцето се случило на 16-април 1178 година п.н.е., а согласно на тоа дека и масакрот се случил токму на тој ден, но дали се работи за вистински настан или пак е фантазија на писателот, ова прашање никогаш нема да се разјасни.
 
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Одисеја