Дишен систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување, илустрирање
Ред 35:
* [[Транспорт на кислород]]от во [[клетки]]те и пренесувањето на [[јаглерод диоксид]] од [[клетки]]те до белите дробови. Тој процес се врши преку циркулацијата на крвта.
 
== Градба ==
Респираторниот систем е сложен систем, кој се состои од простори и патишта по кои воздухот влегува во белите дробови. Во тие простори се вклучени: [[носна празнина]] (cavum nasi), [[голтка]]та (фаринкс, pharinx), кој е заеднички [[орган]] за дигестивниот и респираторниот систем, гласната кутија или [[грклан]]от (ларинкс, larnyx), [[дишник]]от (трахеја, trachea) и [[бели дробови]] (pulmones), заедно со своите спроводни цевки и воздушните торбички.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 164</ref>
 
[[Податотека:TE-Nose diagram.svg|мини|лево|Градба на нос]]
=== Носна празнина ===
{{Главна|:Нос}}
Ред 46 ⟶ 48:
 
Токму поради ваквото заштитно дејство треба да се настојува да се дише низ [[нос]], а не низ [[уста]]та.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 164/165</ref>
 
[[Податотека:Illu pharynx.jpg|мини|десно|Градба на голтката]]
 
=== Голтка ===
{{Главна|:Голтка}}
Низ [[голтка]]та (pharinx) [[воздух]]от се носи во респираторниот тракт, а [[храна]]та и течностите се носат во дигестивниот систем. Изграден е од 6 мали отвори: од кои 2 за носната празнина, 2 за [[слушање]], 1 за [[храна]] и еден за [[воздух]]от. Горниот дел што е сместен во продолжение на носните празнини наназад е наречен [[носна голтка]]. Средниот дел кој е сместен зад устата е наречен [[усна голтка]], а најмалиот дел е наречен [[гркланова голтка]]. Последниот дел е отворен во [[грклан]]от однапред и во [[хранопроводник]]от наназад.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 165</ref>
 
[[Податотека:Larynx external en.svg|мини|лево|Анатомија на гркланот]]
 
=== Грклан ===
{{Главна|:Грклан}}
[[Грклан]]от или звучната кутија (larunx) е сместен меѓу [[голтка]]та и [[дишник]]от. Тој во основа е изграден од [[’рскавица]]. Еден ’рскавичен дел, наречен [[тироидна ’рскавица]] се протега во делот напред на [[врат]]от. Испупчувањето што го образува тироидната ’рскавица популарно се нарекува [[Адамово јаболко]], бидејќи е позабележливо и поистакнато кај мажите, отколку кај жените. Овде се сместени [[гласни жици]], во облик на набори од [[слузница]]та на двете страни на [[грклан]]от и тие треперат при протокот на [[воздух]]от од белите дробови кон надвор, при што се јавуваат извесни [[тон]]ови со различна висина. По [[пубертет]]от кај машките ваквите [[тон]]ови се пониски отколку кај женските бидејќи грклановата празнина се проширува. Просторот меѓу гласните жици се нарекува [[глотис]]. Таму се наоѓа една тенка листовидна ’рскавица што служи како капаче [[епиглотис]]. Таа е подвижна и има улога во затворањето на [[дишник]]от кога голтаме. На тој начин се одвојуваат патиштата за [[воздух]] и [[храна]] при голтањето.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 165</ref>
 
[[Податотека:Illu conducting passages.svg|мини|лево|Градба на дишникот]]
 
=== Дишник ===
{{Главна|:Дишник}}
[[Дишник]]от (trachea) е цевка што се протега од малиот потесен крај на [[грклан]]от во горниот дел на градниот кош до над [[срце]]то. Неговата основа е [[’рскавица]] која овозможува да биде отворен. Ваквите ’рскавици, што по малку изгледаат како коњска потковица, или како буквата С, се наоѓаат по должината на целиот [[дишник]]. Отворениот дел на ’рскавицата е сместен на задниот дел, каде може да се допира со [[хранопроводник]]от кога тој ќе се наполни во текот на голтањето. Улогата на [[дишник]]от е да го пренесе [[воздух]]от од [[грклан]]от до [[бели дробови]].<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 165/166</ref>
 
[[Податотека:Gray961.png|мини|десно|Изглед на бронхијално дрво]]
 
=== Бронхии ===
{{Главна|:Бронхија}}
На долниот крај [[дишник]]от се дели на две примарни или главни стебла - [[бронхии]], кои влегуваат во белите дробови. Десната [[бронхија]] е значително поширока од левата и се протега подолу и влегува многу повертикално во белите дробови. Токму поради тоа, ако туѓото тело се вдиши, тоа многу полесно ќе влезе во десното крило на белите дробови. Секоја [[бронхија]] влегува во белодробното крило низ цепнатинка (засек) или вдлабнување наречено врата или [[хилус]] (hilus).<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 166</ref>
 
[[Податотека:Illu bronchi lungs.jpg|мини|лево|Бронхии, бронхијално дрво и бели дробови]]
[[Податотека:Lungs diagram simple.svg|мини|десно|Изглед на бели дробови]]
 
=== Бели дробови ===
{{Главна|:Бели дробови}}
[[Бели дробови]] (pulmones) се органи во кои се врши размената на [[гас]]овите. Белодробните крила се сместени во градната празнина. Секоја [[бронхија]] откако ќе влезе во белодробното крило преку [[хилус]]от се разгранува како [[дрво]], на уште помали цевчиња - [[бронхиоли]], добивајќи изглед на стебло, наречено [[бронхијално стебло]]. Во [[бронхии]]те има мали делови на ’[[рскавица]] кој им дава стабилност и овозможува поесно поминување на воздухот.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 166</ref>
 
Белите дробови се органи во кои има места за [[дифузија на гасови]]те преку многу тенки и нежни белодробни ткива. Двете [[белодробни крила]] се сместени од страната на градната празнина и се изградени на слениот начин:
* Секоја [[примарна бронхија]] што влегува во белодробното крило преку [[хилус]]от натаму се дели. [[Десна бронхија]] се дели на три [[секундарни бронхии]] и секоја влегува во еден од трите резени ([[лобус]]и) на десното [[белодробно крило]]. [[Лева бронхија]] се дели само на две [[секундарни бронхии]] што влегуваат во двата резена на левото [[белодробно крило]]. Најмалите вакви спроводни цевки се наречени [[бронхиоли]]. Меѓутоа, како што [[бронхии]]те почнуваат да се стеснуваат, се намалува количеството на ’[[рскавица]]та. Во [[бронхии]]те нема [[’рскавица]], туку се состојат само од [[мазни мускули]], кои се под контрола на автономниот нервен систем, односно работат без контрола на нашата волја.
* На крајот на најмалите разграноци на бронхијалното разгранување, има групи на ситни воздушни ќесиња што е место во кое се врши најголемата размена на гасовите. Таквите ќесички се наречени [[алвеоли]]. Ѕидот на таквите [[алвеоли]] е изграден од едноклеточен слој на лушпест (рамен) [[епител]]. Токму таму се врши размената на гасовите, бидејќи тие се снабдени со [[крвни капилари]]. Тие го носат [[кислород]]от до сите клетки во организмот и го исфрлаат [[јаглероден диоксид]] преку белите дробови во надворешната средина. Бројот и површината на [[алвеоли]]те е огромен. Според некои проценки, таа изнесува колку површината на едно тениско игралиште. И покрај тоа, тие се ограничени со многу текни ѕидови што овозможуваат лесно поминување на гасовите во [[крв]]та која циркулира низ милионите мали [[капилар]]и што ги обвиткуваат [[алвеоли]]те. Посебни клетки од алвеоларниот ѕид создаваат [[сурфактант]] - материја што ги штити [[алвеоли]]те од слепување (колапс) при намалување на површинскиот притисок, или пукање, ако притисокот е голем. Во белите дробови на човекот има милиони [[алвеоли]]. Големиот број [[алвеоли]] овозможуваат површината што е во допир со гасовите да изнесува околу 60 метри квадратни, т.е. три пати повеќе отколку што е потребно за живеење. Бидејќи имаат многу воздушен простор, белите дробови се многу лесни, па е нормално што дел од белодробното ткиво потопен во чаша вода ќе плива. Со белодробниот или малиот [[крвоток]] се носи [[крв]] до и од белите дробови. Во белите дробови [[крв]]та поминува низ [[капилар]]ите околу [[алвеоли]]те што се места за [[размена на гасови]].<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 166/167</ref>
 
==== Белодробни празнини ====
{{Главна|:Белодробна празнина}}
Белите дробови зафаќаат значителен дел од градната празнина, која е одделена од стомачната празнина со мускулот наречен дијафрагма. Секое белодробно крило е покриено со двојна обвивка наречена плевра. Секој лист на плеврата се именува според местото каде што се наоѓа. Делот од плеврата што е поврзан со ѕидот на градниот кош е наречен париетална плевра, за делот што е поврзан за површината на белите дробови е наречен висцерална плевра. Ова затворено ќесе целосно го обвива белодробното крило, со исклучок на местото каде бронхијата и крвните садови влегуваат во белите дробови, наречено корен на белодробно крило. Меѓу двете обвивки на плеврата има плеврален простор, во кој има тенок слој течност која ги подмачкува обвивките. Нејзиното дејство е како и при спојувањето на две парчиња стакло споени со слој вода, при што тие слободно и лесно се движат, но одвојувањето едно од друго е отежнато. Токму затоа, белите дробови можат да се шират и собираат како одговор на промените на зафатнината на градниот кош, што се случуваат во текот на дишењето.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.167</ref>
 
== Види исто така ==
* [[Нос]]
* [[Голтка]]
* [[Грклан]]
* [[Дишник]]
* [[Бронхија]]
* [[Бронхиола]]
* [[Алвеола]]
* [[Белодробна празнина]]
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Дишен систем|*]]