'''Воден''' или '''Водена''' ([[грчки јазик|грчки]]: ''Έδεσσα'', до [[1923]]: ''Βοδενά'') е град во [[Егејска Македонија]], денес северниот дел на [[Република Грција]], северозападно од [[Солун]], или поточно во [[Префектури на Грција|префектурата]] [[Префектура Постол|Постол]], со 18.253 жители ([[2001]]). Преку железничка пруга Воден е поврзан со [[Лерин]] и [[Битола]] кон запад, додека пак со [[Солун]] кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади, кои се голема туристичка атракција. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња.