Српска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Reverted edits by 109.245.136.55 to last version by 109.245.136.55
Ред 31:
Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква. По [[1204]] година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од [[Константинопол]] во [[Никеја]]. Свети Сава имал голема мисија во [[Никеја]], чија цел била признавање на новата српска црква. Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната [[Византиска империја]], Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.
 
Наследниците на [[Свети Сава]], со подршка на династијата на кралот Немањиќ во [[1346]] ја создале [[ПеќскаПечка патријаршија|ПеќскатаПечката патријаршија]]. Со зголемувањето на улогата на српската држава, истоивремено растела и моќта на српската црква. Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на [[Срби]]те и [[Грци]]те, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх. Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини. Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх. Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот. Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се софпаѓале со оние на земјата. Според ова, Вселенската патријаршија имала ''ipso facto'' јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од [[Византија]], а припаѓале на некоја од соседните земји. За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај [[Второ Бугарско царство|Бугарската држава]].
 
===Прогласување на српскиот патријарх===