Македонска федеративна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
}}
[[Податотека:MFO Statute.jpg|десно|мини|360п|Устав на Македонската федеративна организација]]
'''Македонската федеративна организација''', позната како ''Македонска федеративна револуционерна организација'' <ref>[http://site.znain.com/macedonia/vmro-history/Dokument/okruzno774.html Окружно број 774 од 2 август 1924 година]</ref> или ''Македонска емигрантска федеративна организација'' била политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во [[Бугарија]]. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава [[Македонија (регион)|Македонија]] во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави. Внатрешно, Македонија би била организирана како мултиетничка држава, со кантони и со [[есперанто]]то како заеднички јазик.<ref>Dimitar Bechev. ''Historical Dictionary of the Republic of Macedonia'', The Scarecrow Press, Inc., 2009, p. 75-76.</ref>
 
Организацијата го издавала својот орган „Автономна Македонија“ под редакција на [[Иван Снегаров]] и [[Владислав Ковачев]]. Водечки личности во раководството на МЕФО биле: арх. [[Никола Јуруков]], д-р [[Христо Далкалчев]], д-р [[Филип Атанасов]], Владислав Ковачев, [[Климент Размов]], [[Никола Киров Мајски]] и др.
Ред 29:
===Судир со ВМРО ===
[[Податотека:Kongres of MFO 1923.jpg|десно|мини|300п|Табло со учесниците на конгресот од 1923 година.]]
Набргу потоа Никола Јуруков ја предводел легалната фракција, а Филип Атанасов ја презел илегалната. Во [[Тирана]] федералистите Филип Атанасов, [[Павел Христов]], А. Василев, Христо Цветков и [[Крум Зографов]] стапиле во контакт со [[Александар Протогеров]], за примирје и соработка помеѓу федералистите и автономистите како и привлекување на албанските револуционери на нивна страна (косовскиот албански комитет на Реџеп Митровица и Бедри Пејани ,<ref>Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 477.</ref>, со [[Хасан Приштина]] и [[Ахмед Зогу]]).
 
Била постигната спогодба за воспоставување на раководни органи во [[Албанија]], за да се дистанцираат од владејачките кругови во [[Бугарија]]. Меѓутоа [[Тодор Александров]] набргу го отфрлил договорот. Федералистите го поканиле на нова средба Александар Протогеров во [[Виена]], но тој ја одбил.<ref>Колектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр. 107-108.</ref>