Ген: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.124.161 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ред 3:
Секој организам поседува по две копии од секој ген. Едната копија е наследена од мајката, додека другата од таткото. Кај луѓето, повеќето гени се исти, но мал дел (помалку од 1%) се нешто различни. [[Алел]]ите се алтернативни форми на еден ист ген, со мали разлики во нивните секвенци на ДНК бази. Овие мали разлики допринесуваат за единствените (уникатни) карактеристики кај секоја единка.
 
== Историја на истражувањето на гените == ок
 
Првите истражувачи ги дефинирале гените како единици на наследна трансмисија. Името "ген" било дадено од страна на [[Вилхелм Јохансен]] во [[1909]] година, иако дури од времето на [[Грегор Мендел]] било познато дека постои потаен фактор кој ги дава наследните карактеристики кај организмите. [[Томас Хант Морган]] и неговите соработници биле првите научници кои согледале дека гените се сместени на хромозомите. Во [[1940]]-те години од 20 век, [[Освалд Авери]] покажал дека гените се состојат од ДНК. Потоа се открило дека некои [[вирус]]и наместо ДНК, користат [[РНК]] како градбена единка на своите гени. Со откривањето на структурата на ДНК од страна на [[Џејмс Вотсон]] и [[Френсис Крик]] започнува новиот период на истражување на гените - нивната структура, функција и регулација.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ген