Фаустино Асприлја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
 
За време на неговиот прв престој во Парма, Асприља постигнал 25 гола во 84 настапи во [[Серија А]].<ref Name="independent" /> Тој се смета за еден од најголемите играчи во ''златниот период на Парма'' во 1990-тите години.<ref>{{cite news|url=http://bleacherreport.com/articles/837116-parma-parmas-15-greatest-players-of-the-parmalat-era/page/2|title=Parma: 15 Greatest Players of the Parmalat Era|publisher=The Blecher Report}}</ref> Во неговите три целосни сезони со клубот, Парма завршила на 3-тото, 5-тото и уште едно 3-то место во Серија А. Клубот исто така, стигнал до финалето на европските турнири во секоја од овие сезони.
 
====Њукасл Јунајтед====
Откако го комплетирал својот трансфер во [[ФК Њукасл Јунајтед | Њукасл Јунајтед]] во [[Премиер лига]]та, Асприља го имал своето деби во англискиот фудбал на [[10 февруари]], [[1996]] во [[Tyne–Tees derby|Tyne–Tees дербито]] на [[Стадион Риверсајд|Риверсајд]] против [[ФК Мидлзборо|Мидлзборо]]. Тој влегол во игра како резерва во 67-мата минута на местото на [[Кит Гилеспи]] при негатива на Њукасл од 1-0 и само седум минути подоцна му асистирал на [[Стив Вотсон]] за израмнувачкиот погодок.<ref>[http://www.youtube.com/watch?v=WrtA1FK9GZg – Деби на Тино Асприља за Њукасл Јунајтед]</ref> Подоцна [[Лес Фердинанд]] го постигнал победничкиот гол за ''чавките'' со што го комплетирал пресвртот. Две кола подоцна го постигнал првиот гол за Њукасл во ремито 3-3 нагости против [[Манчестер Сити]]. За жал неговата првата сезона во клубот од северот ќе биде разорена од непостојаност и инциденти надвор од теренот поради кој Асприља бил обвинет како една од причините што Њукасл ја загубил битката за насловот во Премиер лигата (1995-96) од подоцнежните шампиони [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]].
 
Втората сезона на Асприља во Њукасл завршила со освојување на второто место во Премиер лигата, уште еднаш зад Манчестер Јунајтед. Неговата улога била во голема мера намалена откако најчесто влегувал како замена, иако тој ги задржал својте најдобри настапи за клубовите во Купот на УЕФА, каде во оваа кампања постигнал 5 гола. Неговата бурна прославата на голот што го постигнал против [[ФК Мец|Мец]], при што тој го соблекол дресот и се сврте потоа кон корнер знамето, резултираше со добивање на жолт картон, поради што тој го пропуштил следниот натпревар од Купот на УЕФА против [[ФК Монако|Монако]], кој го елиминирал Њукасл. Во првенството постигнал 4 гола во 24 настапи од кој посебно се за памтење оние против ривалите [[ФК Ливерпул|Ливерпул]] (пораз 4-3) и [[ФК Челзи|Челзи]] (победа 3-1).
 
Сезоната 1997/98 сезона ќе биде последна во клубот за популарниот "Тино" како што го нарекувале фановите на Њукасл. Со продажба на напаѓачот Лес Фердинанд во [[ФК Тотенхем Хотспар|Тотенхем]], и сериозната повреда на [[Алан Ширер]] за време на пред-сезонските подготовки, Асприља се наметнал како прв избор во нападот заедно со младиот, и неискусен [[Данска|данец]] [[Јон Дал Томасон]]. Со клубот се натпреварува во [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] таа сезона, а најдобриот натпревар на колумбиецот за Њукасл дошол во победата со 3-2 над [[ФК Барселона | Барселона]] во незаборавен натпревар на Сент Џејмс Парк кога тој постигнал хет-трик за Њукасл; првиот гол од пенал кој самиот го заработил, а вториот и третиот гол се речиси идентични со удар со глава од непосредна близина по одлините центаршутеви на Кит Гилеспи од десната страна.<ref>[http://www.youtube.com/watch?v=DPGe9OrT53Y – Њукасл ја совлада Барселона со 3–2; хет-трик на Асприља]</ref> Сепак, овие три гола постигнати уште во септември ќе бидат последните негови голови за клубот. Во јануари [[1998]] година, откако Њукасл испаднал од Лигата на шампионите и бил надвор од битката за титулата во Премиер лигата, менаџерот на тимот [[Кени Далглиш]] изјавил дека го губи трпението кон Асприља и тој е продаден назад во Парма за 6 милиони [[фунта|£]], откако постигнал вкупно само 9 гола во 48 првенствени настапи, но и импресивен скор од 9 гола во 11 европски натпревари.
 
====Враќање во Парма====
Англиското искуство на Асприља траеше точно две години, кога тој се вратил во Парма во јануари 1998 година.<ref>{{cite news|url=http://archiviostorico.corriere.it/1998/gennaio/15/Mercato_nostalgia_Asprilla_Parma_co_0_9801153897.shtml|pubblisher=Il Corriere della Sera|author=Фабио Монти|title=Меркато носталгија: Асприља во Парма|day=16|month=gennaio|age=1998|accessdate=31 јануари 2014}}</ref> Ни по враќањето во Италија нема да биде во можност да ги пружи оние игри кој ги прикажал во овој клуб во раните 90-ти и по сезона и пол (22 настапи и само 1 гол), дефинитивно ќе ја напушти Европа; по освојувањето на својот втор наслов во Купот на УЕФА (1999) и титулата во [[Coppa Italia|Купот на Италија]] (1999).
 
==Титули==