Севастопол: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 45:
'''Севастопол'''<ref>''Правопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007''</ref> ({{lang-uk/ru|Севасто́поль}}; {{lang-crh|Aqyar}}) — еден од двата [[град]]а со специјален статус во [[Украина]] (другиот со ваков статус е главниот град, [[Киев]]), сместен на [[Црно Море|црноморскиот]] брег на полуостровот [[Крим]]. Градот е второ најголемо [[пристаниште]] во Украина, по пристаништето во [[Одеса]].
 
Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата. Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на [[Заедница на независни држави|ЗНД]]. Градот, порано седиште на руската (тогашна [[ССРСССР|советска]]) [[Црноморска флота]] — денес е главна поморска база на украинската морнарица, а руската морнарица користи објекти изнајмени на подолг период. Седиштата на украинските поморски сили и руската Црноморска флота се наоѓаат во градот.
 
По падот на [[Советски сојуз|Советскиот сојуз]], пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите. Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија. Особено застапено е изучувањето и тренирањето на [[делфин]]и, кое започнало во градот до крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Севастопол ужива во потопла клима од остатокот на Украина, со свежи зими и умерено топли лета.