Разлика помеѓу преработките на „Референдум во Македонија (1991)“

с
 
Сплитските настани беа почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добиваа сè повеќе на интензитет, се проширија и пераснаа во отворен оружен конфликт.
 
 
[[Податотека:Плакат за независност 1991.jpg|left|thumb|250px|Плакат за референдумот]]
 
Со цел мирно решавање на кризата, на [[27 август]] [[Европска Унија|Европската Заедница]] донесе [[Декларација за Југославија|Декларацијата за Југославија]]. Беа потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на набљудувачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.
 
[[Податотека:Нова Македонија за Референдумот за независност.jpg|мини|лево|180п|Насловната страница на весникот [[Нова Македонија]] посветена на Референдумот за независна Македонија]]
 
Потпис на Декларацијата ставија тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ [[Стипе Месиќ]], од име на Сојузниот извршен совет [[Анте Марковиќ]], како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша [[Ханс Ван ден Брук]], претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломатијата на [[Холандија]], која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот [[суверенитет]], негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.
 
ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕираше од развојот на југословенската криза, на [[7 септември]] во [[Хаг]] организира [[Мировна конференција за Југославија]].
 
[[Податотека:Нова Македонија за Референдумот за независност.jpg|мини|лево|180п|Насловната страница на весникот [[Нова Македонија]] посветена на Референдумот за независна Македонија]]
 
Согледувајќи ја состојбата во Југославија првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои [[Декларација за Независност на Република Македонија|Декларацијата за независност]] на [[25 јануари]] [[1991]] година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на [[8 септември]] [[1991]]. По долги и мачни преговори во Македонскиот парламент, парламентарците донесоа одлука на референдумот да се постави прашањето: