Разлика помеѓу преработките на „Референдум во Македонија (1991)“

Одбиени последните 3 промени во текстот (од 78.157.7.70) и вратена ревизијата 2932303 на Addbot
(Одбиени последните 3 промени во текстот (од 78.157.7.70) и вратена ревизијата 2932303 на Addbot)
Согледувајќи ја состојбата во Југославија првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои [[Декларација за Независност на Република Македонија|Декларацијата за независност]] на [[25 јануари]] [[1991]] година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на [[8 септември]] [[1991]]. По долги и мачни преговори во Македонскиот парламент, парламентарците донесоа одлука на референдумот да се постави прашањето:
 
'''Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверенитесуверени држави на Југославија?'''
 
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на [[18 септември]] 1991 во Собранието на Република Македонија.
== Политички импликации ==
 
Масовен беше одзивот и на Македонците во дијаспората, во [[САД]], [[Канада]] и во [[Австралија]] каде што гласањето беше извршено предвреме, а на повеќе места е констатирано дека сите гласачи се изјасниле позитивно.
Македонските државјани на привремена работа или престој во странство се изјаснуваа во текот на деновите пред 8ми Септември. Од нив, огромно мнозинство се изјаснија "за": 57.327 од вкупно 58.126, додека "против" биле 653.
 
Во деновите пред Референдумот беа упатени повици до сите политички лидери и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот беше прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикаа на бојкот, тврдејќи дека [[Албанци|Албанците]] се обесправен народ. Така, граѓаните од албанска националност го бојкотираа Референдумот и одбија на демократски начин да се изрази волјата на албанското малцинство во Македонија.