Разговор:Главна страница: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
→‎Ему: ново заглавие
с Отстрането уредувањето на Lide8888 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91
Ред 51:
 
Можеби [[Корисник:Filo|Filo]] не уредува ама ја користи својата корисничка сметка за набљудување на некои страници, или го користи wikipedia мејл системот? Доколку [[Корисник:Filo cz|Filo cz]] има лозинка на [[Корисник:Filo|Filo]] тогаш нека остави некоја порака на неговата страница за разговор дека се работи за едно лице. Може да ја користи и услугата http://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MergeAccount --[[User:Brest|brest]] <small>([[User talk:Brest|разговор]])</small> 13:38, 16 декември 2012 (CET)
 
== Ему ==
 
Eму (Dromaius novaehollandiae) е најдолгата птица којашто живее во Австралија и единствениот постоечки член на родот dromaius. Тоа е втората највисока птица која постои во светот по нејзините роднини од видот ноевки, односно нојот. Постојат три подвида на ему во Австралија. Ему птицата е честа на најголемиот дел од територијата на Австралија, но сепак избегнува да живее во најнаселените области, во густи шуми и во сушни области.
Оваа мекопердувеста кафеава птица која не може да лета достигнува до 2 метри (6,6 стапки) во висина. Таа има долг тенок врат и тенки нозе. Ему птиците може да патуваат огромни растојанија со брз, економичен од и ако е потребно можат да трчат на кратки патеки со 50 километри на час (31милји на час). Нивните долги нозе им овозможуваат да прават чекори во распон од 275 центиметри (9,02 стапки). Тие се номади и можат да патуваат на долги растојанија за да најдат храна. Тие се хранат со поголем број растенија и инсекти, но познати се и по тоа што можат да издржат со недели без храна. Ему птиците можат да јадат камења, парчиња од стакло и метал и да ја здробат оваа храна во дигестивниот систем. Тие ретко пијат течности, но кога ќе добијат прилика внесуваат огромно количесто. Ему птиците може да престојуваат во вода, но способни се и да пливаат. Тие се љубопитни птици познати по тоа што ги следат и ги набљудуваат другите животни и луѓе. Ему птиците не спијат континуирано во текот на ноќта, туку во неколку кратки периоди во текот на денот и тоа седејќи.
Како механизам за одбрана, ему птиците ги користат нивните силни нозе со канџи. Нивните нозе се помеѓу најсилните од кое и да било животно и тие им овозможуваат да кинат огради од метална жица. Тие се надарени со добар вид и слух, што им овозможува да ги забележат предаторите во околината. Бојата на пердувите варира според регионот за да биде во согласност со средината која што ги опкружува и на тој начин да се подобри камуфлирањето. Структурата на пердувите не и дава на топлината да навлегува во кожата и тоа им овозможува на ему птиците да бидат активни во текот на попладневната жештина. Тие може да издржат широк спектар на температури и ефикасно да вршат терморегулација. Тешко е да се разликуваат мажјаците и женките само со гледање, но може да се разликуваат според типот на гласни звуци кои што ги произведуваат со пумпање на вратната торбичка. Ему птиците се размножуваат во мај и јуни и тие не се моногамни. Честа е појавата борење меѓу женките за партнер. Женките може да се парат повеќепати и несат повеќе серии на јајца во една сезона. Овие животни ја зголемуваат тежината пред сезоната на размножување, а мажјаците вршат најголем дел од процесот на инкубација. Тие тогаш губат значителен дел од својата тежина затоа што воопшто не јадат. Јајцата се изведуваат по осум недели и младите ги одгледува нивниот татко. Тие ја достигнуваат целосната големина по околу шест месеци, но остануваат со својата фамилија се до наредната сезона на размножување, која е половина година подоцна. Ему птиците можат да живеат од 10 до 20 години во дивината и се плен на динго кучињата, орлите и соколите. Тие може да скокаат и ритаат за да ги избегнат кучињата динго, но од орлите и соколите тие само може да бегаат и да скршнуваат од патот. По доселувањето на Европејците во Австралија во 1788 година, тасманиското ему и емуто од Кинг Ајленд, подвидови коишто претходно ја населувале Тасманија и Кинг Ајленд, станаа исчезнат вид. Човечките активности вршат влијание врз распределбата на подвидовите на континентот. Некогаш тие постоеле на источниот брег, но денеска ги нема таму, токму спротивното, развојот на земјоделството и обезбедувањето на вода за стоката во внатрешноста на континентот го зголеми делокругот на ему птиците во сушните региони и сега тие се наоѓаат на листата на видови со најмала загриженост од изумирање. Тие биле извор на храна и огрев за домородните Австралијци и раните европски доселеници. Ему птиците се одгледуваат за нивното месо, масло и кожа. Ему птиците имаат посно месо и иако често продавачите тврдат дека маслото од ему има антивоспалителни и антиоксидантни ефекти, тоа не е научно потврдено кај луѓето. Ему птицата е значајна културна икона на Австралија. Таа се појавува на грбот на Австралија, на повеќе монети, се појавува често во митологијата на домородните Австралијци и стотици места се наречени според оваа птица.
 
Историја
Постојат извештаи дека ему птицата за прв пат била забележана од европските истражувачи во 1696 година кога тие за кратко го посетија брегот на Западна Австралија. Исто така, се мисли дека оваа птица била забележана на Источниот брег на Австралија пред 1888 година кога за првпат се населија Европејците. Првпат беше опишана под името ,,Казуари Нова Холандија” (анг.”New Holland Cassowaru”) во делото на Артур Филип ,,Патувањето во Ботани Беј”, објавено во 1789 година. Орнитологот Џон Латам го нарече овој вид според една ваква птица која живее во Сиднеј, областа Австралија, којашто во тоа време се нарекуваше Нова Холандија. Тој соработуваше со Филип за неговата книга и ги дал првите описи и имиња за австралиските видови птици. Неговото име на латински значи ,,брзоног нов холанѓанец”. Потеклото на вообичаеното име,,ему” е непознато, но се мисли дека доаѓа од еден арапски збор за долга птица којшто подоцна бил употребуван од португалските истражувачи да го опишат веќеспомнатото казуари од Австралија и Нова Гвинеја. Друга теорија е дека доаѓа од зборот,,ема” којшто се употребува во португласкиот јазик за да се означи долга птица којашто е во сродство со нојот или жеравот. Во Викторија, некои од термините за ему се: баримал (barrimal), во јазикот Џа Џа Ворунк, мајуре (myoure) во јазикот Гунаи и коурн (courn) во јазикот Џардаваџали. Беше познато и како муравунк (murawung) или бирабаин (birabayin) на локалните жители на сиднејскиот залив од Еора и Даруг.
 
Таксономија и систематика
Во неговиот оригинален опис на ему птицата од 1816 година, Виело употреби две имиња за овој род, Dromiceius, а потоа на некоја од наредните страници го употреби и Dromaius. Оттогаш се расправа што е точно. Второто име е подобро составено, но расправата во таксономијата е дека и првото име е добро, освен ако не е чиста типографска грешка. Повеќето модерни изданија, вклучувајќи ги и оние на австралиската влада употребуваат Dromaius, но напоменуваат дека како алтернативно пишување може да се користи Dromiceius.
Класификација
Ему птицата долго време беше класифицирана со нејзините најблиски роднини – казуарите, во фамилијата Casuariidae, дел од редот на ноевките struthoniformes, но скоро беше усвоена дополнителна класификација. Таа ги става Casuariidae во посебен ред наречен Casuariformes. Пред евроспките доселувања, во Австралија беа вообичаени два различни вида на Dromaius, а постои и еден дополнителен вид откриен преку фосилните остатоци. И островското ему со џуџест раст – D.baudinianus и D.n.ater исчезнаа набрзо по доаѓањето на Европејците. D.novaehollandiae diemensis, подвид познат како тасманиско ему, исчезна околу 1865 година. Меѓутоа, подвидот D.novaehollandiae кој го има на континентот се уште постои. Нивниот број варира од декада во декада и најмногу зависи од врнежите. Сегашните проценки се движат од 625 000 до 725 000 птици, со 100 000 – 200 000 во Западна Австралија и остатокот најмногу во Нов Јужен Велс и Квинсленд. Во текот на 20тиот век, ему птиците беа однесени од Тасманија и Кенгару Ајланд близу Јужна Австралија на Марија Ајланд. Популацијата на Марија Ајланд исчезна во средината на 1990-тите, а на островот Кенгуру Ајленд популација на птици која е формирана таму сè уште опстојува.
Постојат три подвида во Австралија.
• На југоистокот, D. novaehollandiae novaehollandiae, со белкаста грива кога се пари,
• На север, D. novaehollandiae woodwardi, послаба и побледа и
• На југозапад, D. novaehollandiae rothschildi, потемна и без грива за време на парењето.
Испитувањето на ДНК на ему птицата од Кинг Ајланд покажува дека таа е во тесна поврзаност со ему птицата кое живее на контитинентот и поради тоа најдобро е да се третира како подвид.
 
Однесување и екологија
Ему птиците живеат во повеќето живеалишта околу Австралија, иако тие се најчести во областите со склерофилни шуми и во саванските шумски предели, а најслабо се застапени во претерано сушните предели со исклучок на влажните периоди кои ги има во овие предели. Ему птиците најчесто патуваат во парови, иако не е исклучена можноста да формираат огромни групи. Ова е нетипично социјално однесување коешто произлегува од општата потреба да се движат кон извори на храна. Ему птиците може да патуваат долги растојанија за да стигнат до области богати со храна. Во Западна Австралија, движењата на ему птиците следат одредена сезонска шема, односно тие одат на север во лето и на југ во зима. На источниот брег, нивните талкања не следат никаква шема. Исто така, ему птиците се способни да пливаат, иако ретко го прават тоа односно го прават тоа само кога областа е поплавена или тие мора да поминат преку река. Тие се познати и како љубопитни животни коишто им се приближуваат на луѓето ако видат движење на екстремитет или парче од облека. Тие можат да ги следат и да ги набљудуваат луѓето во околината. Понекогаш тие ги боцкаат другите животни, а потоа бегаат откако ќе предизвикаат реакција, тоа им е како некоја игра. Најголемиот дел од времето, ему птицата го поминува чистејќи си ги своите пердуви со клунот. Ему птиците спијат во текот на ноќта и почнуваат да се повлекуваат на зајдисонце и покрај тоа што спијат периодично во текот на ноќта. Тие можат да се разбудат и да станат и до осум пати во текот на ноќта за да се хранат или да уринираат. Пред да падне во длабок сон, ему птицата се склопчува врз нејзиниот тарзус и започнува да навлегува во една дремлива состојба и на тој начин може да реагира ако види или слушне нешто. Потоа, вратот се спушта поблиску до телото и очните капаци се спуштаат. Ако ништо не ја вознемирува, птицата ќе потоне во длабок сон по 20 минути. Телото ѝ е спуштено до земја и нејзините нозе се збрчкани. Пердувите го упатуваат дождот надолу кон земјата по огромното тело. Оваа положба на спиење се смета дека е вид на камуфлажа, односно птицата изгледа како мал рид. Вратот е спуштен долу и клунот се врти надолу така што целиот врат добива форма на буква S и се збрчкува. Ему птицата обично се буди од длабокиот сон еднаш на секои 90 до 120 минути и ќе застане во тарзална позиција за да јаде или да уринира. Ова трае 10-20 минути и се повторува 4-6 пати во повеќето ноќи. Ему птицата спие вкупно 7 часа дневно. Младите ему птици се познати по тоа дека спијат со нивниот врат рамно поставен на површината на земјата.
 
Исхрана
Во текот на денот ему птиците одат во потрага по храна. Тие јадат голем број типични растенија од Австралија и други растенија однесени таму. Какви видови растенија јадат, зависи од сезоната. Исто така, тие јадат инсекти, тука вклучувајќи ги скакулците и штурците, бубамарите и некои видови гасеници, ларвите на молците богонг и котон–бол и мравки. Ова задоволува голем дел од нејзините потреби за протеини и храна. Во Западна Австралија, беше набљудувана наклонетоста кон одредена храна кај ему птиците кои патуваат. Тие јадат семиња од Acacia aneura се додека не заврне, а потоа јадат свежа трева и гасеници. Во зима, тие се хранат со лисја и мешунки од Cassia. Во пролет, тие се хранат со скакулци и со плодовите од Santalum acuminatum -вид на квиндонг. Исто така, тие се познати по тоа што јадат жито и какво било друго овошје до коешто ако треба ќе дојдат и со лесно прекачување преку високи огради. Ему птиците служат како важни фактори за разнесување на семиња, што придонесува за флоралната разноликост. Во 1930-тите години во Квинсленд се случи еден непосакуван настан, односно ему птиците изеле кактус во една пустелија. Кога се преселиле, тие го исфрлиле семето на различни места и на тој начин го прошириле несаканото растение. Ова водело кон постојани кампањи за спечување на ширењето на кактусот.
Исто така, ему птиците бараат чакал и каменчиња за да им помогнат при варењето на растенијата. Некои камења во нивниот желудник можат да тежат 46 грама (1,6 унци), a можат да тежат најмногу до 745 грама (1 642 фунти). Ему птиците јадат и јаглен, меѓутоа, научниците сè уште немаат утврдено зошто. Ему птиците коишто се во заробеништво, се познати по тоа што јадат делови од стакло, мермер, клучеви од кола, накит, ореви и клинови.
Ему птиците ретко пијат вода, но кога се во можност внесуваат големо количство на течност. Вообичаено, тие ја проверуваат водата во групи одреден период пред да се сведнат да пијат. Тие пијат стоејќи на работ на водата. Забележано е дека преферираат да се наведнуваат на цврсти почви додека пијат, отколку на карпи или кал, веројатно поради тоа што се плашат дека ќе потонат. Ако не се појави некоја опасност, тие најчесто пијат 10 минути. Во случај да се појави опасност, пред да продолжат со пиење тие го прекинуваат пиењето за да се справат со опасноста. Поради сушната околина тие често одат еден или два дена без да пијат и без да најдат извор на вода. Обично тие пијат еднаш во денот или во ноќта, но ако има повеќе вода можат да пијат повеќепати на ден. Во дивината, тие често ги делат изворите со вода со кенгуритее, други птици, и диви камили и магариња кои биле пуштени од европските доселеници. Ему птиците се сомневаат во овие други видови и сакаат да чекаат, скриени во грмушките, додека другите животни да заминат. Всушност, тие бираат да пијат одделно од другите животни. Ако ему птицата почувствува невообичаени околности или закана, таа пие додека стои.
 
Парење
Ему птиците формираат двојки за парење за време на летните месеци од декември до јануари и можат да останат заедно околу 5 месеци. Во тоа време тие талкаат наоколу во област од 5 милји во дијаметар. Се верува дека тогаш тие ја заштитуваат или наоѓаат територијата за парењето. Во овој период и мажјаците и женките ја зголемуваат тежината, а женките се малку потешки од 45-58 килограми (99-128 фунти). Оваа тежина ја губат за време на периодот на инкубација, мажјаците губат околу 9 килограми (20 фунти). Парењето се случува во поладните месеци мај и јуни, а за точниот момент одлучува климата, бидејќи птиците лежат врз јајцата за време на најладниот период од годината. За време на сезоната на размножување, мажјаците имаат хормонални промени, тука вклучувајќи го и зголемувањето на лутеинизирачкиот хормон и нивото на тестостерон, а нивните тестиси се зголемуваат двојно. Женките им се додворуваат на мажјаците и за време на сезоната на парење тие стануваат физички попривлечни. Пердувите на женката малку потемнуваат и мали делови од голата кожа без пердуви под очите и близу до клунот добива тиркизно сина боја, иако ова е мала промена. Женката чекори самоуверено често кружејќи околу мажјакот, го истега нејзиниот врат назад, павка со пердувите и испушта ниски, моносилабични звуци кои можат да се споредбат со човечките тапани. Ова повикување може да се случи кога мажјаците не се во видикова линија и се оддалечени повеќе од 50 метри (160 стапки). А кога ќе го добијат вниманието на мажјакот женките кружат во радиус од 10-40 метри. Додека женките кружат околу нивниот иден партнер, продолжуваат да гледаат кон него вртејќи го вратот и држејќи го нејзиниот задник свртен кон него. Во времето на парење, кога извикува цервичната воздушна торбичка на женката може да остане надуена. Пасивниот мажјак ја има има истата боја, иако голите делови од кожата исто така добиваат светло сива боја. Женката има повеќе црни влакна на главата, но сепак е тешко за луѓето да ги разликуваат мажјаците и женките. Ако мажјакот покаже интерес за женката којашто парадира, тој ќе се приближи. Женката продолжува да ја дразни нејзината цел одвлекувајќи се подалеку и продолжувајќи да кружи околу него како и претходно.
Женките се поагресивни отколку мажјаците за време на периодот на додворување. Тие често се борат една со друга за партнерите. Во едно проучување во за сезоната на парење, се забележува дека борбите помеѓу женките се повеќе од половина од насилните инциденти. Ако женката се обиде да се додворува на мажјак којшто веќе има партнерка, партнерката на мажјакот ќе се обиде да ја одбие конкуренцијата одејќи кон неа и гледајќи ја на строг начин. Ако мажјакот покаже интерес за втората женка преку накострешување на неговите пердуви и клатејќи се од една страна на друга, неговата партнерка ќе ја нападне другата женка што вообичаено резултира со повлекување на новата женка. Некои борби на женките можат да траат до 5 часа, особено кога мажјакот кој сакат да го освојат е сам и ниту една од женките нема предност. Во овие случаи, животните вообичаено ги интензивираат нивните повици и претстави, коишто стануваат се поекстравагантни. Ова често е проследено со бркање и клоцање помеѓу женките коишто се натпреваруваат.
Мажјаците го губат нивниот апетит и прават гнездо во полузаштитена вдлабнатина на земја од кора на дрво, од трева, од гранки и од листови. Скоро секогаш, гнездото е рамна површина, а понекогаш е дел од сфера, иако во поладни услови гнездото е повисоко, до 7 центиметри високо и посферично за да овозвможи поголема изолација. Кога нема друг материјал можат да ја користат тревата спинифекс. И покрај бодликавата природа, гнездото може да биде долго повеќе од 1 метар. Гнездото може да биде поставено на отворена површина или во близина на грмушки и карпи. Ако ему птицата ја одбере првата опција најчесто таму има густа трева. Гнездата вообичаено се поставени во област кадешто ему птицата има чист видик кон околината и може да ги забележи грабливците.
Ако мажјакот е заинтересиран тој ќе го протегне неговиот врат и ќе ги накостреши неговите пердуви, ќе се навали и ќе ја клове земјата. Тој потоа ќе и се прикраде на женката клатејќи го неговото тело и врат од една страна на друга и чешајќи ги неговите гради од задникот на неговата партнерка најчесто без да испушта крици. Женката ќе го прифати ова со седнување и подигнување на задникот.
Двојката се пари секој ден или два, а секој втор или трет ден женката снесува едно од просечно 11 (или најмногу до 20) големи, цврсти, темнозелени јајца. Лушпата е околу 1 милиметар дебела, иако домородните Австралијци велат дека јајцата во северниот дел се потенки. Бројот на јајцата варира со врнежите, јајцата се просечно 134 x89 милиметри (5,3 x 3,5 инчи) и тежат помеѓу 700 и 900 грама (1,5-2,0 фунти), што е скоро е еднакво на 10-11 кокошкини јајца во големина и тежина. Првата потврдена појава на генечни идентични авијански близанци беше покажана кај ему птицата. Површината на јајцата е зрнеста и бледо зелена. За време на периодот на инкубација, јајцето добива темнозелена боја, но ако јајцето не се изведе ќе добие бела боја од побелувачкиот ефект на сонцето.
Мажјакот станува меланхоличен веднаш штом женката започне да ги несе јајцата и мажјакот започннува да ги инкубира јајцата пред да заврши периодот на несење. Оттогаш тој не јаде, не пие, ниту врши нужда, туку само ги превртува јајцата, а тоа го го прави околу 10 пати на ден. Понекогаш тој заминува ноќе, бидејќи најголемиот дел од грабливците на јајцата на ему птиците не се ноќни грабливци. По осумнеделна инкубација тој губи третина од својата тежина и ќе преживува само на акумилираното сало и на утринската роса до којашто може да стигне од гнездото. И покрај првобитното врзување во пар, како и многу други австралиски птици, како што е и Malrus cyaneus, неверноста е норма за ему птиците. Откако мажјакот почнува да лежи врз јајцата, женката се пари со други мажјаци и може да снесе повеќе серии јајца. Повеќе од половина од пилињата во процесот на квачење можат да ги чуваат други татковци или ниту еден од родителите, бидејќи што се одесува за квачењето на јајцата, ему птиците користат паразитско однесување. Некои женки остануваат и го бранат гнездото додека пилињата не почнат да се изведуваат, но најголемиот дел од нив ги оставаат гнездата за да одат на друго место да несат јајца. Кога сезоната е добра, женките можат трипати да несат јајца. Ако родителите останат заедно за време на периодот на инкубација тие ќе се менуваат во заштитувањето на јајцата, и додека едниот ги чува јајцата, другиот пие вода и се храни во близина. Ако се појави опасност ему птицата легнува врз гнездото и ќе проба да се камуфлира во околината и одеднаш ќе стане за да се соочи и да го исплаши напаѓачот доколку тој се приближи.
Инкубацијата трае 56 дена и мажјаците престануваат да ги инкубираат јајцата малку пред тие да се изведат. Исто така, мажјакот ја зголемува температурата на гнездото за време на овој осумнеделен период. Иако јајцата се снесени последователно во текот на неколку дена, тие обично се изведуваат во рок од два дена бидејќи јајцата коишто се положени подоцна биле подложени на повисоки температури и се развиле побрзо. Во текот на овој процес подвижните пилиња треба да развијат способност за терморегулација. За време на инкубацијата, ембрионите се егзотермни, но треба да развијат ендотермичко однесување додека да се изведат.
Нов изведените пилиња се активни и можат да го остават гнездото за неколку дена. Тие се околу 12 центиметри (5 инчи) високи, тежат 5 кг ( 18 унци) .Тие имаат впечатливи кафеави и кремасти ленти за кремуфлирање, кои избледуваат по околу 3 месеци. Мажјаците остануваат со пилињата 7 месеци, бранејќи ги и учејќи ги како да пронајдат храна. Пилињата растат многу брзо и по 5-6 месеци тие веќе се целосно пораснати. Тие можат да останат со нивната фамилијарна група уште околу 6 месеци пред да се разделат за да се размножуваат во нивната втора сезона. Во раниот период од животот, младите ему птици ги брани нивниот татко, којшто зазема воинствен и одбивен став кон другите ему птици, вкучувајќи ја и мајката. Таткото тоа го прави со накострешување на пердувите , произведувајќи остри грофтања и клоцајќи со нозете за да ги избрка другите животни. Исто така, тој може да ги свитка неговите колена за да ги заштити неговите деца. Ноќе, тој ги покрива младите со неговите пердуви. Поради тоа што младите ему птици не можат да патуваат надалеку, родителите мораат да изберат област богата со храна. Во дивината, ему птиците живеат од 10 до 20 години, а птиците во заробеништво можат да живеат подолго отколку оние во дивината.
 
Предаторство
Само неколку од природните грабливци на ему птиците се живи. Во раната историја на овој вид, тие биле соочени со поголем број копнени грабливци кои што денеска се исчезнати, тука вклучувајќи го и гигантскиот гуштер мегаланија, тасманискиот тигар ( тилацин ) и други месојадни торбари. Со ова може да се објасни нивната добра развиена способност да се бранат од копнените грабливци. Денеска, главниот грабливец на ему птиците е динго кучето, коешто за првпат беше донесено од Абориџините стотици години порано од еден вид на полуприпитомени волци. Динго кучињата се обидуваат да ја убијат ему птицата напаѓајќи ја нејзината глава. Ему птицата обично се обидува да го одбие динго кучето со скокање во воздухот и клоцање или газење врз него кога се спушта надолу. Ему птицата скока бидејќи дингото едвај има капацитет да скока доволно високо за да преставува закана за нејзиниот врат. Па затоа, отскок во точно определено време кога дингото напаѓа може да ја заштити нејзината глава или врат. И покрај потенцијалната врска грабливец-плен, присуството на грабливите динго кучиња не влијае на бројот на ему птиците како што влијаат други природни услови кои предизвикуваат смртност. Остроопашестите орли се единствените авијански грабливци способни да ги напагаат возрасните ему птици, иако најчесто ги напагаат малите или младите претставници. Орлите ги напагаат ему птиците со брзо летање надолу, целејќи на главата и вратот. Во овој случај,техниката на скокање на ему птиците која што ја користат против динго кучињата, не е корисна. Орлите целат да ги напаѓааат ему птиците на отворен простор за да не можат да се скријат зад некоја пречка. Во такви услови, ему птицата може само да трча на хаотичен начин и често да ја менува насоката за да може да избега од нејзиниот напаѓач. Значи други грабливи птици, гигантски варани и однесените црвени лисици понекогаш ги земаат јајцата од ему птиците или ги убиваат малите пилиња .
 
Статус и конзервација
Домородните Австралијци и раните европски доселеници ги користеле ему птиците како извор на храна. Абориџинските Австралијци користеле повеќе техники да ги фатат птиците. Односно тие ги фаќале додека пијат од извори, им ги труеле изворите, ги фаќале со мрежи и ги привлекувале со имитирање на нивните повици или со топката од пердуви и крпи обесена од некое дрво. Домородните Австралијци ја користеле дрогата питури или други отровни растенија да ги загадат водните ресурси и лесно можеле да ги фатат дезориентираните ему птици коишто пиеле од водата. Исто така, тие понекогаш се маскирале користејќи ги кожите од ему птиците што претходно ги убиле. Исто така, ги заробувале ему птиците со камуфлирани дупки и јами употребувајќи крпи и имитирајќи ги нивните звуци. Абориџинските Австралијци не ги убивале животните за ништо друго освен за јадење и намуртено гледале на благородниците коишто ги ловеле ему птиците и го оставале месото неискористено. Исто така, тие го користеле скоро секој дел од трупот за некоја цел. Покрај месото, лојот се користел за призводство на масло кое го користеле за подмачкување на нивните оружја, коските биле користени како импровизирани ножеви и алатки и тетивите биле користени за врзување.
Европските доселенци ги убивале ему птиците за да обезбедат храна или за да ги отстранат ако тие им се вмешувале во фармарството или ако навлегувале во населбите во потрага по вода за време на суша. Еден екстремен пример за ова беше војната Ему во Западна Австралија во 1932 година, кога ему птиците навлегоа во Чампион во текот на топлото лето, ги исплашиле жителите и било залудно да се обидуваат да ги избркаат, па затоа била повикана војската да ги избрака во таа таканаречена ,,војна”. Имало две фази во војната, втората започнала на 12 ноември, а двете фази биле со различни резултати. Има два забележани случаи кога луѓе биле нападнати од ему птици.
Исто така, раните бели доселеници го користеле лојот од ему птиците за нивните ламби. Во 1930 –тите, убивањата на ему-птиците го достигнаа врвот од 57 000 за една година, а во исто време беше зачестено колење на животните во Квинсленд поради огромна штета на посевите. Дури во 1960-тите, во Западна Австралија се плаќаа премии за убивање на ему птиците. Во книгата ,,Прирачник за птиците во Австралија” на Џон Гулд, за првпат објавена во 1865 година, тој жали за намалувањето на бројот на ему птици во Тасманија, каде што таа стана ретка и потоа исчезна. Тој забележува дека ему птиците повеќе ги нема за околината на Сиднеј и предлага да им се даде заштитен статус на овие птици. Дивите ему птици формално се заштитени во Австралија со Актот за заштита на животната средина и биодиверзитетот од 1999 година, иако Меѓународниот сојуз за заштита на природата го рангира нивниот статус како вид со најмала загриженост од изумирање. Нивната застапеност се простира помеѓу 4 240 000- 6 730 000 квадратни километри (1 640 000 – 2 600 000 квадратни милји) , а проценката за популацијата од 1992 година била помеѓу 630 000 и 725 000. Иако се мисли дека популацијата на ему птиците на континетот Австралија е побројна отколку пред доселеувањето на европските доселеници, поради малата бројност некои диви популации се под ризик од локално исчезнување. Закани за малкубројните популации се: расчистувањето и одделувањето на областите за живеење, намерно колење, судири со возила и уништувањето на младите и јајцата од страна на лисиците, подивени или домашни кучиња и подивени свињи. Владата на Нов Јужен Велс ја стави изолираната популација на ему птиците во Нов Јужен Велс, северниот островски биорегион и Порт Стивенс на листата на загрозени видови.
 
Односите со луѓето
Економска вредност
Ему птицата беше важен извор на месо за абориџинските Австралијци во областите каде таа беше ендемична. Лојот од ему птицатабил дел од бушманска медицина и се нанесувал на кожата. Исто така, служел како значајно средство за подмачкување. Се мешал со окер боја за да се направи традиционалната боја за церемонијалното украсување на телото, како и за подмачкување на дрвените алати и прибор како што е куламонот.
Пример за тоа како може да се зготви ему птица дава Арернте од Централна Австралија кој рецептот го нарекува Кере анкере:
Ему птиците се постојано наоколу и во влажни и во суви времиња. Прво ги кубеш предувите, потоа ја вадиш содржината од стомакот и ги ставаш внатре пердувите кои си ги извадил, а потоа ја пржиш на оган. Ја виткаш утробата што си ја извадил во лисја од еукалиптус и ги готвиш. Кога ќе ја отргнеш маста, го сечеш месото и го готвиш на оган запален од речен црвен еукалиптус.
Стопанското призводство на ему птицата започнало во Западна Австралија во 1987 година, а првиот колеж се случил во 1990 година. Во Австралија, стопанската индустрија е базирана на стока одгледувана во заробеништво и сите држави со исклучок на Тасманија имаат лиценцирани барања за да ги заштитат дивите ему птици. Надвор од Австралија, ему птиците се одгледуваат во голем број во Северна Америка, односно над 1 милион птици во САД, Перу и Кина, и до помал степен во некои други земји. Ему птиците успеваат добро во заробеништво и се чуваат во долги отворени кошари за да се избегнат проблемите со нозете и со варењето поради неактивност. Обично ги хранат со жито и со пасење, а ги колат кога имаат 50-70 недели. Тие јадат два пати дневно и сакаат 2.25 килограми (5 фунти) лисја на секој оброк.
Ему птиците се одгледуваат пред се за месото, кожа и масло. Месото од ему птиците е со ниска масленост (помалку од 1,5 % масленост) и со холестерол од 85 мг/100г, па затоа може да се спореди со другите посни меса. Најмногу делови од телото на ему птицата кои може да се користат, како и кај другата живина, спаќаат во темно месо ( а најдобрите делови доаѓаат од бутот и од подолгите мускули на цилиндерот или долниот дел од ногата). Според Министерството за земјоделство на САД месото од ему птицата во готвачки цели се смета за црвено месо и неговата Ph вредност е приближна на онаа на говедското месо, но во инспекциски цели се смета дека е живина. Од лојот од ему птицата се произведува масло за козметиката, додатоци во исхраната и терапевтски производи. Маслото се добива од поткожното и ретроперитонетско масно ткиво и со прочистување на стопената маст се добива маслото, а домородните Австралијци и раните бели доселенци го користеле за наводни исцелителни цели. Маслото главно содржи масни киселини, олеински киселини (42%), линолејски и палмитински киселини ( секоја по 21 %) кои се најважните негови компоненти. Исто така, содржи повеќе антиоксиданси, пред се каротионоиди и флавони.
Постојат некои докази дека маслото има антивоспалителни својства, меѓутоа, сè уште не се направени опширни тестирања, а Американската управа за храна и лекови гледа на масните производи произведени само од ему птицата како на неодобрени лекови. Меѓутоа, маслото се поврзува со олеснувањето на гастроинтестинални воспаленија, а тестовите врз стаорците покажуваат дека има значителен ефект при третирањето на артритис и болки во зглобовите, и тоа многу поголем ефект од оној на маслиновото или рибиното масло. Научно се докажа дека има значаен ефект при заздравување на раните, но механизмот одговорен за гореспоменатите ефекти не е објаснет. Едно истражување од 2008 година тврдеше дека маслото од ему птицата има подобар антиоксидантен и антивоспалителен потенцијал од другите масла од авијан и ној, поврзувајќи го ова со високата застапеност на незаситени масни киселини во споредба со количеството на заситени масни киселини кај маслото од ему птицата. Иако не постојат научни истражувања кои покажуваат дека маслото од ему птицата е делотворно кај луѓето, тоа сепак се промовира како додаток во исхраната со различни тврдења за тоа колку тоа е корисно за здравјето. Рекламираните стопански додатоци од маслото од ему птицата се слабо стандардизирани. Понекогаш таквите производи се лажно обележани. Американската управа за храна и лекови го посочи примерот за маслото од ему птицата кое беше спомнато во една статија од 2009 година со наслов ,,Како да забележиш здравствена...
 
Американската управа за храна и лекови го посочи примерот за маслото од ему птицата кое беше спомнато во една статија од 2009 година со наслов ,,Како да забележиш здравствена измама”.
Кожата на ему птицата има впечатлива шематска површина, поради нараснатата област околу фоликулите на пердувот во кожата. Кожата се користи за такви мали нешта како што се паричници и чевли, често во комбинација со други кожи. Пердувите и јајцата се користат во декоративните уметности и занаети. Особено празните јајца се исцртувале со портрети слични на гравираните скапоцени камења (камеос) и слики од други австралиски домородни животни.
Во 2012 година, администрацијата на округот Салем во Индија ги советуваше фармерите да не инвестираат во бизнисите со ему птиците. Во САД, од 2013 година, многу луѓе го оставија бизнисот со ему птиците. Се проценува дека бројот на одгледувачи се намалил од околу 5. 500 во 1998 година на 1 до 2 илјади во 2013 година. Останатите одгледувачи се повеќе зависат од продажбата на маслото како главно нешто за остварување профит, иако и кожата, јајцата и местото се продаваат.
 
Културни карактеристики
Ему птицата има значајно место во митологијата на австралиските Абориџини, вклучувајќи го и митот за создавање на Јуваалараај (Yuwaalaraay) и други групи во Нов Јужен Велс кои велат дека сонцето било создадено со фрлање на јајце од ему птица кон небото. Птицата се појавува во многу етиолошки приказни кои што се раскажуваат кај многу аборџински групи. Една приказна од Западна Австралија вели дека еден маж задевал мала птица, која му одговорила со фрлање на бумеранг, му ги раскинала рацете на мажот и на тој начин го претворила во ему птица која не може да лета. Се вели дека мажите од племето Курдаитча (Kurdaitcha) во Центраlна Австралија носат сандали од пердуви од ему за да ги прикријат своите отпечатоци од нозете. Многу абориџински јазични групи низ Австралија имаат традиција да сметаат дека темните линии прашина на Млечниот пат претставуваат огромно ему на небото. Повеќе карпести гравури во Сиднеј прикажуваат ему птици. Исто така, овие животни се оцртувани и во домородните танци.
Ему птицата е популарно, но неофицијално сметана за животински амблем- национална птица на Австралија. Се појавува како носач на штит на грбот на Австралија заедно со црвениот кенгур, а како дел од грбот исто така се појавува на австралиската монета од 50 центи. Се наоѓа на многу австралиски поштенски марки, вклучувајќи и ја марката од 2 пенси со сино ему на 100 роденден на предфедерацијата Нов Јужен Велс, на марка од 36 центи пуштена во употреба во 1986 година и марка од 1,35 долари пуштена во употреба во 1994 година. Шапките на Австралиската лесна коњаница (анг. Australian Light Horse) се декорирани со перо од пердув на ему.
Во Австралија има околу 600 места кои се наречени според ему птицата, тука вклучувајќи: планини, езера, потоци и градови. Во текот на 19 и 20 век , многу производи на австралиските компании и домаќинства беа именувани според птицата. На пример, во Западна Австралија, од раниот 20 век се призведува пивото Ему. Сван бревери (анг. Swan Brewery) продолжува да призведува пива брендирани како ,,Ему”. ,,Ему - Астрална Орнитологија” е тримесечна публикација на Кралската австралиска орнитологиска унија, позната и како ,,Птици Австралија”.
Род Хил, починатиот комичар, користеше ему кукла во неговото глумење.
[[User:Lide8888|Lide8888]] <small>([[User talk:Lide8888|разговор]])</small> 00:09, 28 февруари 2014 (CET)
 
Назад на страницата „Главна страница“.