Отвори го главното мени

Промени

Нема измена во големината ,  пред 5 години
нема опис на уредувањето
Риека се наоѓа на {{coor dms|45|21|0|N|14|26|0|E|region:Europe}}, во западниот дел на [[Хрватска]], 186 km југозападно од главниот град на [[Хрватска]], [[Загреб]], на северното крајбрежје на [[Риечки залив|Риечкиот залив]], како дел од поголемиот [[Кварнерски залив]] на [[Јадранско Море|Јадранското Море]], кое како голем залив во [[Средоземно море|Средоземното море]] најдлабоко се вовлкол во [[Европа|европското]] копно. [[Риечки залив|Риечкиот залив]], кој преку ''Големите'' (помеѓу [[Истра]] и островот [[Црес]]), ''Средните'' (помеѓу [[Црес]] и островот [[Крк (остров)|Крк]]) и ''Малите врати'' (помеѓу Крка и копното) е споен со Кварнерскиот залив, е доволно длабок (око 60 m) за слободно движење на најголемите бродови, што и овозможило на Риека да стане важно морско [[пристаниште]].
 
Градот Риека лежи на устието на [[река]]та [[Риечина]] во микрорегијата [[Винодол]] на [[Хрватско приморје|Хрватското приморје]]. Во Риека започнуваат два важни копнени [[промет]]ни правци. Првиот го користи фактот што Риека се наоѓа во подрачјето во кое [[Динарски планинеПланини|Динаридите]] се најтесни и најцврсти, што овозможува лесно поврзување на крајбрежјето на [[Јадранско Море|Јадранското Море]] и [[Панонска низина|панонските]] внатрешности. Додека пак со другиот правец Риека преку [[Постојна|Постојниските]] врати е поврзана со [[Алпи|источноалпските]] простори.
 
=== Клима ===
Според [[Кепенова класификација на климата|Кепеновата класификација на климата]], Риека има умерено топла и влажна клима (тип ''Cf''). Просечната температура на воздухот во градот изнесува 13,8 °C, просечната [[јануар]]ска температура е 5,6 °C, додека просечната температура во [[јули]] изнесува 23,3 °C. Годишно во 86 дена со врнежи вкупно паѓаат 1529 мм врнежи од дожд. На количината на врнежи од дожд и нивната годишна распределба исклучително вилјаат есенските и пролетните циклони кои настанале во [[Џеновски залив|Џеневскиот залив]]. Заедно со [[Сењ|сењската]], на [[Јадранско Море|Јадранот]] позната е и риечката [[бура]], ладен и сув [[ветар]] од правец североисток, чија брзина на моменти достигнува и до [[тропски циклон|оркан]]ска вредност (160 km/h), а најчесто настанува во во ладните делови од годината со прелив на ладен воздух од [[Панонска низина|Панонската низина]] преку [[Динарски планиниПланини|Динаридите]].
 
<center>