Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 147:
Особено се истакнува [[Дунав]] со правец на речниот тек од [[запад]] кон [[исток]] и многу развиен слив. Извира на планината [[Шварцвалд]] во [[Германија]], па преку [[Австрија]] ги поврзува [[Панонска Низина]] и [[Влашка Низина]]. Има должина од 2.850 км, со површина на сливот од 870.000 км². Внатрешниот затворен слив на [[Касписко Езеро]], покрај другите, од еврпоската територија ги опфаќа сливовите на реките [[Волга]] и [[Урал]]. Волга со 3,530 км е најдолагата река во Европа, со површина на сливот од 1.380.000 км².<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 20</ref>
[[Податотека:Laatokka Sortavalan edustalla.jpg|мини|десно|Езерото Ладога]]
Поради климатските прилики, реките во Европа највисок водостој имаат во [[зима]] и во [[пролет]]. Поголем дел од наведените реки се пловни, уредени за пловидва и меѓусевно поврзани со пловни канали, така што Европа има повеќе од 100.000 км речно-каналски пловни патишта. Попознати каналски системи се каналите што ги поврзуваат [[Волга]] со [[Дон]] (поврзаност на [[Црно Море]] со [[Касписко Езеро]] и [[Москва]]), [[Балтичко Море]] и [[Бело Море (Русија)|Бело Море]] (преку езерата [[Ладога]] и [[Онега]]), каналот [[Мителланд]] кој ги поврзува [[Рајна]], [[Везер]], [[Лаба]] и [[Одра]]. Во [[Франција]] сите пловни реки се поврзани меѓу себе и со реката [[Рајна]], така што економскити значење на реките, покрај потребите за вода за пиење, во земјоделството, во индустријата и во енергетиката е мошне големо и во сферата на сообраќајот и транспортот, размената на стоки и услуги.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 20/21/22</ref>
[[Податотека:Zuerichsee.jpg|мини|лево|Циришко Езеро]]
Езерата во Европа се многубројни, ное релативно мали по површина. Зафаќаат околу 135.000 км². Најкарактеристични се [[карело-фински езера]] на [[север]], каде што се среќаваат околу 60.000 езера со околу 72.000 км² површина. Езерата [[Онега]] и [[Ладога]] и јужношведските езера се најголеми во Европа. Дел од природните езера се наоѓаат на [[Алпи]]те, на [[Родопи]]те и на [[Карпати]]те. Покарактеристични се: [[Геневско Езеро]], [[Боденско Езеро]], [[Циришко Езеро]], [[Бледско Езеро]], [[Бохињско Езеро]], [[Охридско Езеро]], [[Преспанско Езеро]] итн. Постојат голем број вештачки езета што се користат за пловидба, за наводнување и за производство на елетричната енергија.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 22</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Европа