Антонијо Милошоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 11 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q603634 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
'''Антонио Милошоски''' (роден на [[29 јануари]] [[1976]]) е [[Република Македонија|македонски]] политичар, член на [[ВМРО-ДПМНЕ]] и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со [[Англиски јазик|англиски]] и [[германски јазик]].
 
Во [[1994]] година матурира во гимназијата „М. Милевски”, [[Кичево]], а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, [[Бон]], [[Германија]]. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во [[ДуизбургДујсбург]], [[Германија]], каде работеше како научен соработник до 2006 год, кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.
 
Во периодот 1999 – 2000 година е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, [[Доста Димовска]]. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 година е портпарол на [[Влада на Република Македонија од 1998|Владата на Република Македонија]]. Од 2004 до 2006 година е редовен колумнист во дневниот весник „[[Утрински весник]]”, а претходно, во периодот јануари - мај 2000 година, пишува колумни во весникот „[[Дневник]]”.