Разлика помеѓу преработките на „XML“

Додадени 16 бајти ,  пред 6 години
с
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 66 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2115 (translate me))
с
}}
}}
'''XML''' ([[англ.]] ''Extensible Markup Language'' = „'''проширлив означувачки јазик'''“) - наследникот на [[SGML]], е едноставен, многу флексибилен [[означувачки јазик]] (форматирање) на [[текст]], односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на [[интернет]] така и на други места. XML e подмножество на [[SGML]], наменето за да ја олесни примената на [[парсеррасчленувач]] - от во споредба со целосниот [[SGML]] [[парсер]]-расчленувач, примарно за користење на [[WWW]]. XML додава неколку дополнителни ограничувања на [[SGML]] синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.
 
По дефиниција XML документот e [[низа од знаци]]. Речиси секој допуштен [[Уникод]]ен знак може да се појави во еден XML документ. Знаците кои што го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од знаци која се користи за означување или започнува со „<“ и завршува со „>“ (се нарекува ознака, на пример <отсек>) или започнува со „&“ а завршува со „;“. Секоја друга низа од знаци која не наликува на претходноопишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.