Жил Верн: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ја заменувам страницата со 'Ја униѓѕив страницава засекогаш- Анонимус засекогаш!!!'
Glaisher (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 79.125.213.205 (разговор), вратено на последната верзија на 99.229.12.28
Ред 1:
{{Infobox writer
Ја униѓѕив страницава засекогаш- Анонимус засекогаш!!!
| name = Жил Габриел Верн
| image = Jules Verne.jpg
| imagesize = 200px
| alt =
| caption =
| pseudonym =
| birth_name = Жил Габриел Верн
| birth_date = {{Birth date|df=yes|1828|02|08}}
| birth_place = [[Нант]], [[Франција]]
| death_date = {{Death date and age|df=yes|1905|03|24|1828|02|08}}
| death_place = [[Амјен]], Франција
| resting_place =
| occupation = Писател
| language = Француски
| nationality = Французин
| ethnicity =
| citizenship =
| education =
| alma_mater =
| period =
| genre = [[Научна фантастика]]
| subject =
| movement =
| notableworks = ''[[Дваесет илјади милји под морето]]'', ''[[Патување во центарот на Земјата]]'', ''[[Пат околу светот за 80 дена]]''
| spouse = Онорина Морел
| partner =
| children = Мишел
| relatives =
| influences = [[Виктор Иго]], [[Едгар Алан По]], [[Даниел Дефо]], [[Жорж Санд]]
| influenced = [[Херберт Џорџ Велс]], [[Артур Конан Дојл|Сер Артур Конан Дојл]], [[Реј Бредбери]]
| awards =
| signature = Firma de Julio Verne.svg
| signature_alt =
| website =
| portaldisp =
}}
 
'''Жил Верн''' ([[француски јазик|француски]]: ''Jules Verne''), ([[Париз]], {{роден на|8|февруари|1828}} - [[Амјен]], {{починал на|24|март|1905}}) бил француски [[писател]].
 
== Биографија ==
Жил Верн е роден на [[8 февруари]] [[1828]] година во францускиот град [[Нант]] каде што ги завршил основното и средното образование. Во детството си играл со брат му ''Пол'' и трите сестри - ''Ана'', ''Матилда'' и ''Марија''. Уште на единаесетгодишна возраст, кај него се јавила желба за патувања, па се качил на еден [[параброд]] со цел да отпатува за [[Индија]], но татко му го стигнал во едно пристаниште, казнувајќи го жестоко малечкиот Жил, кој ветил дека во иднина ќе патува само во своите мисли. Во гимназијата во Нант, Верн учел [[реторика]] и [[филозофија|философија]]. Во [[1848]] година заминал во [[Париз]] каде што, по желба на татко му, студирал право. Кога дипломирал, татко му го советувал да работи како адвокат во Нант, но тојно никогаш не станал правник, бидејќи посилна била љубовта кон пишувањето.
 
Уште од раното детство, Жил Верн бил вљубен во ''Каролина Тонсон'' која ја сакал долго време, но таа се омажила за друг. Во [[1857]] година, тој се оженил со ''Онорина Морел'', која му помогнала во решавањето на материјалните проблеми, а во [[1861]] година им се родил единствениот син ''Мишел''. Љубовта кон патувањата никогаш не го напуштила Верн. Tака, со хонорарот добиен за едно успешно театарско дело, тој купил мала јахта и со неа пловел крај бреговите на [[Ирска]], [[Шкотска]], [[Скандинавски Полуостров|Скандинавскиот полуостров]], [[Португалија]], [[Шпанија]], [[Северна Африка]], а подоцна, со параброд, патувал и во [[Северна Америка]].
 
Во [[1872]] година го напуштил Париз и се населил во малото провинциско место Амиен. Во [[1886]] година, некој млад човек, кој ненадејно полудел, пукал со револвер и го ранил во ногата, така што Верн, на стари години останал куц. Несреќите продолжиле и понатаму, бидејќи подоцна умреле повеќе негови блиски пријатели и роднини. Жил Верн умрел на [[24 март]] [[1905]] година, а на неговиот погреб дошле најпознатите личности во тоа време, како и претставници на сите владетели во светот.<ref>"Поговор", во: Жил Верн, ''Патување во центарот на Земјата''. Скопје: Детска радост, 1987, стр. 266-268.</ref>
 
== Творештво ==
Жил Верн живеел и творел во периодот на мошне брз развој на науката и техниката и интензивен развој на [[индустрија]]та: Во тоа време бл поставен [[телеграф]]ски кабел меѓу [[Европа]] и [[Америка]], [[Фарадеј]] за открил [[електрична индукција|електричната индукција]], а тогаш се појавиле и првите [[хидраулика|хидраулични пумпи]]. Под влијание на тие откритија, Верн ги воведол науката и техниката во литературата. Десет години пред да ги објави своите први романи, Верн бил редовен читател во Националната библиотека во Париз, каде што неуморно читал за новите откритија. Истовремено, во текот на тие десет години, тој бил во непосреден контакт со бројни научници, инженери, пронаоѓачи, светски патници и истражувачи. Така, Верн во својата меморија акумулирал огромен број факти, а во својата картотека чувал 25 000 белешки од сите области во науката.<ref>"Поговор", во: Жил Верн, ''Патување во центарот на Земјата''. Скопје: Детска радост, 1987, стр. 268-269.</ref>
 
Жил Верн бил мошне надарен фантазер, кој бил голем вљубеник во науката и се занимавал со проучување на научно-техничките откритија, а истовремено располагал со дарба за сликовите и пластично пишување. Во своите дела, тој ја истакнува големата сила на човекот и вербата дека со помош на науката, тој е способен да ја скроти природата и да го оствари сето она што го замислила фантазијата. Всушност, голем дел од техничките достигнувања кои Верн ги опишал во своите дела, денес претставуваат стварност (авионот, хеликоптерот, грамофонот, филмот, телевизијата итн.). Неговите романи и ден-денес се многу популарни и читани, а според нив се снимени и бројни филмови.<ref>Михаил Јанушев, "Разговор за делото '20 000 милји под морето' од Жил Верн", во: Жил Верн, ''20 000 милји под морето''. Скопје: Македонска книга/Наша книга, 1975, стр. 103-105.</ref>
 
Големината на Верн како писател се состои не само во тоа што тој предвидел многу технички достигнувања, кои се јавиле многу подоцна, туку тој го направил сето тоа многу прецизно, потпирајќи се врз своите солидни [[географија|географски]], [[астрономија|астрономски]], [[хемија|хемиски]], [[физика|физички]] и [[етнологија|етнолошки]] знаења. На пример, во [[1854]] година, еден француски научник конструирал мотор според описите на Жил Верн и моторот навистина проработил. Подоцна, во [[1863]] година, [[математика|математичарот]] Бертран и астрономот Јансен, откако го прочитале романот ''Од Земјата до Месечината'', кој штотуку излегол од печат, ги провериле [[балистика|балистичките]] пресметки опишани во романот и утврдиле дека тие се сосема точни. Всушност, многу светски научници и истражувачи истакнувале дека романите на Верн им ја подгревале фантазијата и дека влијаеле да го изберат својот животен пат. Така, американскиот адмирал [[Ричард Евелин Берд]] ([[1888]]-[[1957]]), кој во [[1926]] година прв го прелетал со [[авион]] [[Северeн Пол|Северниот Пол]], а подоцна и [[Јужeн Пол|Јужниот Пол]], во своите мемоари истакнал дека постанал истражувач под влијание на хероите на Верн. Исто така, големиот руски писател [[Лав Николаевич Толстој|Лав Толстој]] со воодушевување зборувал за Жил Верн, истакнувајќи дека... "е ненадминлив мајстор во создавањето заплети кои ги возбудуваат читателите."<ref>"Поговор", во: Жил Верн, ''Патување во центарот на Земјата''. Скопје: Детска радост, 1987, стр. 269-270.</ref>
 
Делото на Жил Верн е обемно. Тој напишал над 80 романи и подолги прозни текстови (вкупно 58 романи под заеднички наслов "''Необични патувања''") со кои доживеал огромна популарност, не само во [[Франција]], туку и во целиот свет. Неговите дела се преведувани и издавани на многу јазици, достигнувајќи милионски тиражи, а некои од нив биле наградувани од страна на Француската академија. Исто така, Верн напишал и повеќе дела од популарната литература, како и петнаесетина пиеси и либрета за [[оперета|оперети]]. Неговото деби на книжевната сцена се случило во јуни [[1850]] година, кога во Париз, на сцената била поставена неговата прва пиеса. Сепак, првиот голем успех во литературата Верн го постигнал во периодот од [[1863]] до [[1865]] година, кога ги објавил романите: ''Пет недели во балон'', ''Авантурите на капетанот Хатерас'', ''Патување во центарот на Земјата'', ''Од Земјата до Месечината'' и ''Децата на капетанот Грант''. Популарноста на овие дела била толку голема, што некои од нив по само неколку месеци биле преведени на десетина други јазици. Во [[1870]] година следувал уште еден голем успех - романот ''20 000 милји под морето'', а во [[1872]] година и успешниот роман ''Пат околу светот за 80 дена''. Најголемиот подем во неговото творештво се случил во периодот од 1872 до [[1886]] година. Тогаш, секој ден станувал во пет часот наутро и пишувал непрекинато до осум часот навечер. Од тој период датираат десетина романи, меѓу кои, најпознати се ''Михаил Строгов'' и ''Д-р Окс''. Тогаш, тој се здобил со големо богатство и огромна слава, рамна на најголемите имиња во светската литература во тоа време.<ref>"Поговор", во: Жил Верн, ''Патување во центарот на Земјата''. Скопје: Детска радост, 1987, стр. 266-267.</ref>
 
 
Негови најпознати дела се:
* ''20 000 милји под морето''
* ''Патување во центарот на Земјата''
* ''Пат околу светот за 80 дена''
* ''Таинствениот остров''
* ''Децата на капетанот Грант''
* ''Пет недели во балон''
* ''Авантурите на капетанот Хатерас''
* ''Од Земјата до Месечината''
* ''Михаил Строгов''
* ''Д-р Окс''
* ''Илустрирана географија на Франција и нејзините колонии''
* ''Историја на големите патешествија''
* ''Кристифор Колумбо''
 
== Наводи ==
<references/>
 
== Видете исто така ==
* [[Тврда научна фантастика]]
 
 
[[Категорија:Француски писатели]]
[[Категорија:Научна фантастика]]
[[Категорија: Родени во 1828 година]]
[[Категорија: Починати во 1905 година]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Жил_Верн