Средновековни кули во Кратово: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Во Кратово, од двете страни на Табачка Река, имало дванаесет кули, пет на деснат...
 
Ред 1:
Во [[Кратово]], од двете страни на [[Табачка Река]], имало дванаесет кули, пет на десната и седум на левата страна од реката. Денес во градот има шест кули, од кои некои се позачувани, а други веќе се полуурнати.
==Градба==
 
Ѕидините се од '''полуклепан камен''' и '''малтер''', додека добро обработениот камен е употребен за вратите, прозорците, скалилата и ќошовите на кулите. Нивната внатрешност е поделена на три до четири ката: горните катови имаат по еден балкон и одделенија за живеење. Во долниот дел на кулите прозорците се потесни и издолжени, а што се оди понагоре, тие се сè пошироки. Сите прозорци имаат железни решетки. За заштита на кулите биле изградени и посебни посматрачници со мали отвори, однадвор оградени со камени штитови.
 
==Историја==
Досега не се откриени историски податоци за времето на ѕидањето на кулите. Постои мислење според кое рударскиот центар [[Кратово]], во кој во извесен период се ковале и монети, имал потреба од вакви одбранбени кули и пред доаѓањето на [[Турците]]. Меѓутоа, извесни архитектонски форми и декораивни елементи што ги имаат кратовските кули зборуваат во прилог на мислењето дека се дело на градителите од турскиот период.