Триумфална порта (Париз): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 89.205.30.123) и вратена ревизијата 2957959 на Addbot
Ред 7:
 
== Историја ==
Порта „Македонија“ е споменик во облик на триумфална арка кој се наоѓа на плоштадот Пела во Скопје, Македонија. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“ и свечено отворен на 6 јануари 2012 со говор на премиерот Никола Груевски каде тој се искажал како идеен творец на проектот.[1] Портата е пуштена во употреба со неколку месеци задоцнување по првичниот рок на 8 септември 2011 г. по повод 20 години од независноста на Македонија поради непредвидено продолжување на градежните работи.[2]
 
Портата е висока 21 м. Однадвор има релјефи на површина од 193 м2 што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување со три дурбина, а до таму водат два лифта и две скалишта.[3]
 
Позната и како „Триумфална капија“, ова е дело на вајарката Валентина Стефановска, авторката на споменикот „Воин на коњ“. Објектот го извело градежното претпријатие „Гранит” по проект на „Неимар инженеринг“ со вкупен трошок од 4,4 милиони евра.[4]
 
== Дизајн ==