Отвори го главното мени

Промени

с
нема опис на уредувањето
[[Податотека:Catherine of Aragon as Mary Magdalene.jpg|thumb|лево|Катерина Арагонска претставена како Марија Магдалена од [[Мајкал Ситов]]]]
 
Кетрин се родила на [[16 декември]], [[1485]] год. во [[Алкала де Хенарес]], [[Мадрид]]. Таа била најмладото дете на [[Фердинанд II Арагонски]] и кралицата [[Изабела I Кастилјска]] кое го преживеало детството. Катерина била ситна во нејзината градба<ref>Antonia Fraser,''The Wives of Henry VIII', p.24</ref>, со златно-костенлива коса, големи сини очи, тркалезно лице и блед тен.<ref>Alison Weir'', The Six Wives of Henry VIII'',15</ref> Денес постојат многубројни портрети кои ја прикажуваат во нејзиното детство и тинејџерските години<ref>Hand & Wolff, 231-4 [http://books.google.co.uk/books?id=d_pZim9LVv8C&pg=RA1-PA134&lpg=RA1-PA134&dq=juan+de+flandres+Catherine+of+Aragon&source=bl&ots=s_w8BGnucD&sig=_ye4HEJNq-5iqkccRluT9vCzMAY&hl=en&ei=iFyZSqb5CYihjAejzPHDBQ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=4#v=onepage&q=&f=false Google books]</ref>. Таа е потомок, од страна на мајка си, од Англиското кралство, бидејќи нејзината прабаба [[Кетрин од Ланчестер]], од каде потекнува и нејзиното име, и нејзината пра-прабаба Филипа од Ланчестер биле ќерки на [[Џон од Гент]] и внуки на [[Едвард III од Англија]]. Всушност, следејќи ја оваа лоза, Кетрин му била трета братучетка на својот свекор, [[Хенри VII]], и четврта братучетка на нејзината свекрва, [[Елизабета од ЈоркЈоршка]].
 
Била подучувана од тутор, Алесандро Гералдини, кој бил службеник во редовите на црквата. Катерина учела за религијата, класиците, латинската историја, канонот и граѓанското право<ref>Antonia Fraser, ''The Wives of Henry VIII',p.12</ref>. Таа била образована во духот на религијата, и развила голема љубов кон верата која понатаму ќе игра важна улога во нејзиниот живот.<ref>Weir, p.20</ref> Таа научила да зборува, чита и пишува на шпански и латински, а зборувала и француски и грчки. Исто така, учела работи поврзани со домаќинството како што се: изработување гоблени, шиење, везење, музика и танцување. Подоцна, големиот научник Еразмо, изјавува дека Катерина „...сакаше добра литература која ја проучуваше уште од детството“.<ref>Maria Dowling,Humanism in the age of Henry VIII(Published 1986), p.17</ref>