Складност (геометрија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Страните кои се совпаѓаат AB и A<sub>1</sub>B<sub>1</sub>, BC и B<sub>1</sub>C<sub>1</sub>, AC и A<sub>1</sub>C<sub>1</sub> велиме дека се соодветни страни.<br />
Аглите кои се совпаѓаат ∠A и ∠А<sub>1</sub>, ∠B и ∠B<sub>1</sub>, ∠C и ∠C<sub>1</sub> велиме дека се соодветни агли.<br />
За два складни триаголници соодветните агли и соодветните страни се еднакви.<br />Складноста на два триаголника се докажува со помош на признаците:
 
Признак страна - страна - страна (ССС): Два триаголника се складни ако трите страни од едниот триаголник се соодветно еднакви на трите страни на другиот триаголник.
 
Признак страна - агол - страна (САС): Два триаголника се складни ако две страни и аголот меѓу нив од едниот триаголник се соодветно еднакви на две страни и аголот меѓу нив од другиот триаголник.
 
Признак агол - страна - агол (АСА): Два триаголника се складни ако една страна и аглите што лежат на неа од едниот триаголник се соодветно еднакви на една страна и аглите што лежат на неа од другиот триаголник.