Разлика помеѓу преработките на „Галилео Галилеј“

с
 
==Биографија==
Како момче, Галилеј сакал да замине во манастир, но таткомутатко му го уверил да студира медицина. Го посетувал Универзитетот во [[Пиза]]. Галилеј не се стекнал со титула на лекар туку, наместо тоа, сето време го минувал проучувајќи [[математика]]. Подоцна поучувал математика и станал професор по тој предмет на Универзитетот во [[Пиза]]. <ref name="a">Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.</ref>
Додека бил на универзитетот, Галилеј експериментирал со нишала, го проучувал паѓањето на предметите и и се посветил на [[Астрономија|астрономијата]]. Седејќи во катедралата, забележал голема бронзена светилка што се ниша на синџир поради провевот. Го измерил нишањето според својот пулс и се изненадил што секој замав трае исто, без оглед дали светилката се нишала неколку сантиметри или многу повеќе. Увидувајќи дека нишалото е правилен природен показател на времето, открил мал пулсиметар, а пред крајот на животот конструирал и часовник со нишало.<ref name="a"/>
Во 1592г. Галилеј се преселил на север, во Падова, каде што почнал долгогодишна врска со Марина Гамба. никогаш не се венчале, но имале три деца. нивните две ќерки биле испратени во манастир, а синот Винченцо бил себичен и често го доведувал во неволја својот татко.<ref name="a"/>
[[Језуити|Језуитите]] во [[Рим]] биле одушевени кога Галилеј им ги покажал сателитите на [[Јупитер]]; топло го пречекале кардиналите, па дури и папата. но врз основа на овие сателити Галилеј почнал да застапува мислење дека [[Сонцето]] е во центарот на вселената, што во 1543 г. го тврдел и [[Коперник]]. Тоа значело дека [[Земјата]] со сигурност се врти околу [[Сонцето]], што дирекно се судрило со [[Библијата]]. инквизицијата во [[Рим]] го осудила Галилеј на доживотен затвор, иако казната подоцна била сменета во постојан домашен притвор во неговата вила во Арчетри. Умрел во 1642г., а папата [[Јован Павле II]] го помилувал во 1992г., полни 359 години по казната за ерес.<ref name="a"/>
 
==Експериментите на Галилеј==
Додека живеел во [[Пиза]], Галилеј извршил низа експерименти на движењето и инерцијата. Ја ставил под знак прашање претпоставката на [[Аристотел]] дека тешките предмети паѓаат побрзо од лесните, пропорционално на својата маса. Според преданието, Галилеј ја проверил теоријата фрлајќи топки со различна тежина низ накосена рамнина и утврдувајќи ја брзината на нивното паѓање. Според Галилеј, отпорот на телото кон менувањето на брзината – нивната [[инерција]] – бил важен концепт. затоа луѓето на површината на [[Земјата]] имаат впечаток дека не се поместуваат, иако [[Земјата]] се движи со огромна брзина, бидејќи нивната брзина се менува незабележливо. Значајниот придонес на Галилеј бил во тоа што тој сфатил дека здравиот разум не е секогаш доволно објаснување за разните појави- внимателно набљудување и експерименти се исто така потребни за да се дојде до вистината.<ref name="a"/>
457

уредувања