Руан: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 20:45, 11 февруари 2014

Руан (фр. Rouen) е пристанишен град на северозападниот дел на Франција. Градот лежи на реката Сена. Седиште е на департманот Приморска Сена и регионот Горна Нормандија. Според податоците од 2006 година, бројот на жители изнесувал 107,904.

Rouen
Грб на Rouen
Rouen is located in Франција
Rouen
Rouen
Местоположба во регионот Горна Нормандија
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Haute-Normandie" does not exist|220px|Rouen во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Haute-Normandie" does not exist]]<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"><div style="font-size: %; line-height: 110%; z-index:90; position: relative; top: -1.5em; width: 6em; Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“">Rouen
Координати: 49°26′ N; 1°06′ E / 49.44° СГШ; 1.10° ИГД / 49.44; 1.10Координати: 49°26′ N; 1°06′ E / 49.44° СГШ; 1.10° ИГД / 49.44; 1.10
ЗемјаФранција
РегионГорна Нормандија
ДепартманПриморска Сена
ОкругRouen
Општ. заедницаCREA
Управа
 • Градоначалник (2012–2014) Yvon Robert (PS)
Површина121,38 км2 (825 ми2)
 • Градска448 км2 (173 ми2)
 • Метро (2010)1.800 км2 (700 ми2)
Население (2007)2111.000
 • Ранг36th in France
 • Густина52/км2 (130/ми2)
 • Градскo (2010)494,382
 • Градска1,1/км2 (2,9/ми2)
 • Метро (2010)650,000
 • Метро0,36/км2 (0,94/ми2)
Часовен појасCET (UTC +1)
INSEE/Пошт. бр.76540
Мреж. местоwww.rouen.fr
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Историја

Првите остатоци од човечко население на овие предели потекнуваат од периодот од 9000 до 6000 години п.н.е.

Околу 100 година, Римјаните го основале градот Ротомагус на местото на денешниот Руан. Од 4 век, град бил седиште на бискупот (прв бискуп бил Св. Виктрис 385-410).

Во 841 година, Викинзите по прв пат навлегле во градот. Судејќи по хрониките од временот на викиншките инвазии, во 911 година градот станал престолнина на Нормандиско Војводство. Во 1066 година, нормандскиот војвода Вилијам Освојувачот, ја освоил и Англија.

Во 1204 година војската на францускиот крал Филип II го освоиле Руан.

На 19 јануари 1419 година, за време на стогодишната војна, кралот на Англија Хенри V го освоил Руан и цела Нормандија. Јованка Орлеанка е запалена на клада во Руан на 30 мај 1431 година.

Карло VII во 1449 година повторно го освоил Руан за Франција.

Во 1843 година била отворена железничка пруга од Руан до Париз.

За време на француско-пруската војна Руан ја окупирала војсната на Прусија (од декември 1870 до јуни 1871 година).

Во втората светска војна, Руан од јуни 1940 година до август 1944 бил под германска окупација. Градот во овој период бил тешко бомбардиран, посебно мостовите на Сена и железничката станица.

Знаменитости

  • Виктор Иго, Руан го нарекол „град на стотици црквени кули“. Многу градби се уништени од бомбардирањето во втората светска војна.
  • Импозантна готичка базилика Сен-Уен, долга 130 метри.
  • Готичка Катедрала во Руан, која била инспирација на Клод Моне. Нејзиното звоно е високо 151 метар.
  • Палата на правдата (Le Palais de Justice) е најголемата европска готичка профана градба.
  • Голем астрономски часовник (Le Gros Horloge) од 14 век.
  • Кула на Јованка Орлеанка.

Познати личности

Пристаниште

Руан се наоѓа на стратешка положба меѓу Париз и Атлантикот. Пристаништето е оддалечено околу 80км од сливот на реката Сена, што претставува околу 6 часа пловидба. Градот истовремено е и речно и морско пристаниште. На пристаништето можат да му се доближат бродови со приближна носивост од 150,000 тони.

Руан е 28-то пристаниште на Европа според количина на транспортна стока, и петто по ред во Франција. Тоа е најголемато пристаниште за транспорт на жито во Европа, и најголемо француско пристаниште за транспорт на брашно и ѓубрива.