Пазар на капитал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Пазарот на капитал''' ({{lang-en|capital market}}) претставува збир на односите помеѓу понудата и побарувачката на долгорочни [[хартии од вредност]]. Преку пазарот на капитал доаѓа до размена на паричните средства од оние кои ги имаат на оние на кои им се потребни, при што, корисниците на средствата им плаќаат одреден надомест на позајмувачите во вид на камата (што ја добиваат сопствениците на обврзниците), дивиденда (што ја добиваат сопствениците на акциите) или слични исплати, како што е капиталната добивка, која одговара на разликата меѓу продажната и куповната цена на хартиите од вредност.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.180.</ref>
 
На страна на понудата и на страната на побарувачката на долгорочни парични средства се јавуваат следниве субјекти: населението, стопанството, државата и [[банките]]. Сепак, населението се јавува во улога на нето-доверител, што значи дека повеќе пласира сопствени средства отколку што користи, додека [[Стопанство|стопанството]] редовно е најголем нето-корисник на средствата, што значи дека повеќе користи средства од пазарот на капитал, разбирливо, за инвестирање, отколку што таму ја пласира сопствената акумулација.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.180-181.</ref>
 
Како резултат на операциите на пазарот на капитал доаѓа до креирање на соодветни хартии од вредност, [[акции]] и обврзници. Издавањето на хартиите од вредност, како и нивната продажба, претставува примарен пазар. Подоцна со веќе издадените хартии од вредност се тргува на секундарниот пазар, т.е. се врши нивно продавање и купување помеѓу учесниците на пазарот. За да можат да се одвиваат сите овие транскации, пазарот на [[капитал]] се регулира со соодветна законска регулатива и на него се формираат институции кои ги овозможуваат и олеснуваат операциите на сите останати учесници.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.181.</ref>
 
== Видови пазари на капитал ==
Ред 10:
Главни видови на организиран пазар на капитал се:
 
* '' Берзи'' — [[Берза|Берзата]] претставува место или институција во рамките на која се одвива организирано тргување со хартии од вредност. Тргувањето на берзата се врши со посредство на овластените учесници на овој пазар – [[брокер]]ите, кои тргуваат за сметка на своите клиенти. На берзата има и други овластени учесници како што се дилерите, кои тргуваат за своја сметка, потоа специјалисти, маркет-мејкери, и други, во зависност од самата берза, нејзиниот тип, начин и организација на работа. Во овој поглед нe постојат единствени правила, туку секоја берза има свои специфичности. Тргувањето на берзата се одвива во рамките на определен период од денот. Токму концентрацијата на тргување на сите учесници на едно место и во исто време, овозможува креирање на објективна претстава за понудата и побарувачката на хартиите од вредност, а со тоа и правилно формирање на нивните цени. Тргувањето на берзите се одвива преку издавање на налози од страна на клиентите до брокерите, кои содржат податоци за видот на хартијата од вредност што клиентот сака да ја купи, односно да ја продаде, како и цената по која клиентот би сакал да ја реализира трансакцијата.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 181.</ref>
 
Во зависност од предметот на купопродажба се одредува и карактерот на берзата. Ако на берзата се купуваат и продаваат вредносни хартии, се работи за ефективна берза, ако се купуваат и продаваат стоки, се работи за продуктна берза, ако се во прашање [[Девиза|девизи]], се работи за девизна берза, итн. За работење на берзата не е доволно да има ( да постојат) вредносни хартии, туку е потребно да има мобилен и ликвиден пазар на кој се среќаваат се поголем број понудувачи и побарувачи на вредносни хартии. Значи, треба да има стабилна понуда и побарувачка на вредносни хартии.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание),Економски Факултет - Скопје, 2009, стр. 201.</ref> Заклучувањето на работите се одвива во главните простории на берзата. Тоа се вика т.н. службен пазар. Постои и неслужбен, но регулиран пазар, кој од службениот се разликува по тоа што во него се вклучени берзанските посредници, не се утврдува курсот, туку само цената. Од друга страна, покрај службениот и регулираниот пазар, постои и нерегулиран, слободен пазар, кој ја опфаќа сета трговија на вредносни хартии која не се одвива во службените простории на берзата, туку во споредни, или крај берзата. За овој пазар не важат берзанските правила и прописи.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание),Економски Факултет - Скопје, 2009, стр. 201.</ref>
 
* ''Пазари преку шалтери'' — Пазарот преку шалтер ([[англиски]]: ''over-the-counter market'')<ref>[http://www.otcmarkets.com/home OTC market]</ref> претставува алтернативен облик на пазар на хартии од вредност. Името го добил од неговиот дамнешен облик, кога клиентите доаѓале директно на шалтерите на банките и таму купувале или продавале хартии од вредност. Ваквиот облик одамна е исчезнат, но името останало и тоа денес се однесува за тргувањето во самите [[Брокерска куќа|брокерски куќи]], во кои денес се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност, посебно во западните земји. Имено, еден дел од куповните и продажните налози што ги добиваат брокерските куќи, можат според своите карактеристики (вид, количина, цена) да се реализираат во самата куќа, без да се излегува на берзата со нив. Така се избегнува плаќањето провизија на берзата и се поедноставува работата на брокерите.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.182.</ref> Друг вид на вонберзанско тргување денес е [[НАСДАК]] (''National Association of Securities Dealers Automated Quotations System''). Истиот, е пазар кој постои помеѓу овластените дилери во [[САД]] и кој претставува мрежа на меѓусебно електронско тргување. Тргувањето со хартии од вредност преку овој пазар се одвива така што инвеститорите контактираат директно со дилерите, кои, пак, тргуваат помеѓу себе без да ги напуштаат своите канцеларии, преку следење на понудата и побарувачката на хартиите од вредност на своите [[Компјутер|компјутерски]] екрани. Денес, преку NASDAQ, се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност во САД, често надминувајќи го и оној на Њујоршката берза.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 182.</ref>
 
=== Неорганизиран пазар на капитал ===
 
Неорганизираниот пазар на капитал, обично, се одвива крај берзите, и за него не важат берзанските правила и прописи. На него, по правило , учествуваат помали [[претпријатија]] кои не ги исполнуваат условите да можат да тргуваат на берзите, или на други организирани пазари.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание),Економски Факултет - Скопје, 2009, стр.199.</ref>
 
== Посредници на пазарот на капитал ==
Ред 25:
 
:* Специјалисти кои вршат купопродажба на вредносни хартии (дилери)
Дилерот служи како посредник помеѓу купувачите и продавачите, кој всушност ги купува [[Финансиски инструменти|финансиските инструменти]] на продавачот, во надеж дека ќе може да ги продаде во иднина по поволна цена. Дилерите заземаат, кажана со финансискиот жаргон, “ позиција на ризик ”, бидејќи купувајќи ги финансиските интрументи, тие се подложни на [[Ризик|ризикот]] од загуба, ако вредноста на тие инструменти опадне.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'' (второ дополнето и изменето издание), 2002 , Економски Факултет - Скопје стр.9.</ref>
:* Специјалисти на берзите (брокери)
Брокерот претставува поединец или финансиска институција која дава информации, што се однесуваат за возможното купување или продавање на финансиските инструменти. Било купувачот или продавачот на финансиски инструменти може да го контактира брокерот, чија работа е едноставно да ги спои купувачите и продавачите.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'' (второ дополнето и изменето издание), 2002, Економски Факултет - Скопје стр.9.</ref>
 
:* Инвестициски банки
Инвестициските банки ([[англиски]]: ''Investment Banks'') се компании што учествуваат на пазарот на капитал и по својата суштина воопшто не претставуваат банки во класична смисла на зборот. Тие се занимаваат со брокерски работи, давање инвестициски совети, управување со портфолијата на клиентите, финансиски анализи, вршат советодавна улога при емисија на хартии од вредност, се јавуваат како преземачи на емисијата на хартии од вредност и сл.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.183.</ref>
 
:* Комерцијални банки
Комерцијалните банки играат многу важна улога во економскиот живот на секоја земја. Тие се јавуваат како главни актери на пазарот на пари и капитал и во обезбедувањето на понудата и во обезбедувањето на побарувачката на паричните средства.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание), Економски Факултет - Скопје, 2009, стр.34.</ref>
 
== Улогата на банките на пазарот на капитал ==
Ред 44:
Исто така, банките се активни и на секундарниот пазар на хартии од вредност, каде што делуваат како брокери или дилери. Кога извршуваат брокерски активности, банките посредуваат помеѓу продавачите и купувачите на хартии од вредност и за извршената услуга наплаќаат одреден надомест-брокерска провизија. Работејќи како дилери, банките работат за своја сметка ([[англиски]]: ''proprietary trading'') т.е. купуваат и продаваат хартии од вредност, заработувајќи на разликата помеѓу куповните и продажните цени. Притоа, во одредени случаи, банките ја извршуваат улогата на подржувачи на пазарот ([[англиски]]: ''market makers''). На пример, кога централните банки ги спроведуваат операциите на отворен пазар, тие работат само со одреден број банки коишто ја извршуваат улогата на подржувачи на пазарот. Работејќи како поддржувачи на пазарот, банките се должни во секое време да држат одредена залиха на хартии од вредност, коишто ги нудат за продажба на заинтересираните купувачи, по објавената продажна цена ([[англиски]]: ''ask price, offer price''). Во исто време, тие се обврзани да ги купат хартиите од вредност што ќе им ги понудат заинтересираните продавачи, се разбира, според објавената куповна цена. Банките остваруваат заработка од овие активности така, што хартиите од вредност ги продаваат по повисока цена од онаа по која ги купуваат. Притоа, разликата помеѓу продажната и куповната цена на хартиите од вредност се вика распон ([[англиски]]: ''spread'').
 
Во продолжение, банките можат да остварат [[профит]] и врз основа на спекулирање на идното движење на каматните стапки, т.е. на цените на хартиите од вредност. Во тој случај, во зависност од нивните очекувања за движењето на каматните стапки, банките можат да заземат долга или куса позиција во одредени хартии од вредност. На пример, доколку банката очекува дека каматните стапки во следниот период ќе опаѓаат (а тоа значи дека цените на [[Обврзница|обврзниците]] ќе растат), таа ќе купува обврзници (долга позиција), кои што подоцна ќе ги продаде по повисока цена и на тој начин ќе оствари профит. Најпосле, банките можат да заработат и врз основа на давање разни услуги на своите клиенти во врска со работењето со хартиите од вредност (инвестициско советување, раководење со финансиски имоти итн.)<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Економски Факултет - Скопје стр. 208.</ref>
 
== Видови долгорочни вредносни хартии на пазарот на капитал ==
Ред 56:
:* право на глас во акционерското собрание
:* право на дивиденда, како дел од добивката на друштвото
:* право на дел од стечајната маса, во случај на ликвидација на друштвото. Во поглед на ова право, сопствениците на акциите се субординирани во однос на сите други довереители, така што тие ќе добијат дел од стечајната маса, само откако сите други доверители ќе бидат обештетени.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.158.</ref>
 
==== Видови акции ====
Ред 63:
 
:* Обични акции
Обичната акција е првата хартија од вредност која една корпорација ја издава и во случај на банкротство, последната што може да биде наплатена. Таа претставува сопственичка акција во фирмата; таа претставува побарување со најнизок приоритет спрема приходите и средствата од сите емитирани хартии од вредност. Сопствениците на обични акции ја имаат моќта да гласаат за управниот одбор и да гласаат за главните прашања кои можат да бидат презентирани пред акционерите. Колку повеќе акции има еден инвеститор, толку повеќе гласови тој или таа контролира. Инвеститорот во обични акции добива потврда за сопственост. Потврдата го означува бројот на акциите и нивната номинална вредност.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'' (второ дополнетои изменето издание), Економски Факултет - Скопје,2002, стр.232.</ref>
 
:* Приоритетни акции
Како што самото име кажува, приоритетните акции имаат определени привилегии во однос на обичните акции. Овие привилегии, односно приоритети, се однесуваат на приоритетот во исплатата на [[дивиденда]] за нивните сопственици, како и приоритетот во однос на обичните акции при наплата на дел од стечајната маса во случај на ликвидација на друштвото. Овие привилегии најчесто (но, не задолжително) се компензирани со губењето на управувачкото [[право]]. Една од карактеристиките кои тие најчесто ги имаат, е фиксниот дивиденден принос, т.е. дефинираната големина на дивидендата што им следува на сопствениците на овие акции. Обично, таа се утврдува како [[процент]] од нивната номинална вредност и така утврдената дивиденда е максималниот износ што тие можат да го добијат. Исплатата на дивидендата зависи од остварената нето-добивка на компанијата, но и од одлуката на управниот одбор. Така, доколку компанијата не оствари нето-добивка, нема да се врши ниту исплата на приоритетните дивиденди.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.167.</ref>
 
==== Обврзници ====
Ред 72:
Обврзницата претставува долгорочна должничка хартија од вредност, со чија продажба емитентот доаѓа до дополнителен капитал, а истовремено се обврзува дека позајмениот капитал ќе го врати, согласно со предвидените услови во договорот за емисија на обврзници, заедно со каматата според договорената каматна стапка.
 
Капиталот прибран преку емисија на обврзници ги има речиси истите карактеристики како и оној што е обезбеден преку [[Кредит|банкарски кредит]]. Доколку поединечна банка се јави во улога на доверител кога станува збор за кредити во висок износ, би дошло до нејзино преголемо изложување на ризик кон конкретен кредитобарател, а со тоа и до утврдување на многу висока [[камата]]. Наместо тоа, емисијата на обврзници овозможува прибирање поголема маса капитал преку обраќање до широката инвеститорска публика, така што секој поединечен инвеститор се јавува во улога на доверител во мал обем и се врши [[Дисперзија (статистика)|дисперзија]] на ризикот. Тоа, од една страна, го прави можно позајмувањето на некогаш огромни суми пари, а од друга страна, може да значи и позајмување по пониска каматна стапка од онаа што би се формирала во релацијата со поединечна банка.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.172.</ref>
 
==== Видови обврзници ====
 
Покрај компаниите, обврзници емитуваат и банките, државните органи, [[Општини|општините]] и сл. Како резултат на оваа широка распространетост, досега се развиени голем број видови и подвидови од овие хартии од вредност, секој од нив со свои карактеристики што ги прават погодни за примена во одделни ситуации.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.173-175.</ref>
 
:* Купонска обврзница