Акцент во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
 
'''Акцентот''' ([[латински]]: ''accentus, потпевнување'') е изделување на еден слог од зборот со помош на одредени фонетски средства како што се сила на издишаната воздушна струја, висина на тонот или квалитетот на гласот. Акцентот ги засега самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот.{{ref|OpstaОпшта}} Во зависност од видот на изделената единица, било да е слог, збор или реченица, акцентот може да биде зборовен или ''слоговен'' и реченички или ''фразеолошки''. {{ref|OpstaОпшта}}
 
==Општи карактеристики==
При изговор на еден збор се забележува дека сите слогови во него не се изговараат со еднаква сила (еднакво). Еден слог во зборот обично се изговара со поголема сила на гласот, со повисок тон.
 
Зборовен акцент е тој акцент со кој се изделува еден слог од зборот. Секој изговорен збор има акцент и таквите зборови се нарекуваат акцентогени.<ref>Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова-Ѓуркова, Живко Цветковски: „Македонски јазик за средното образование“, Просветно дело, Скопје, 2005; стр. 79.</ref> Сепак, во јазикот има зборови кои немаат акцент и тие се наречени клитички или неакцентирани зборови.{{ref|OpstaОпшта}}
 
Со реченичкиот акцент се истакнува еден збор во реченицата наспроти другите зборови во неа, сè со цел да се даде некаква нијанса во значењето. Така, во тесна врска со реченичкиот акцент се логичкиот или ''смисловен'' и емоционалниот или ''афективен'' акцент.{{ref|OpstaОпшта}} Покрај оваа основна поделба, акцентот се дели и според фиксираноста на истиот, па така имаме ''определен'' и ''неопределен'' акцент. Определениот е фикциран и секога паѓа на еден ист слог. Непределениот е разносложен и нема фиксна положба.{{ref|OpstaОпшта}}
 
:Пример: ''Јана отиде на '''училиште''' (а не на лизгалиште).'' или '''''Јана''' отиде на училиште (не Бојана).''
 
Македонскиот акцент е динамичен или ''експираторен'' и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. ''тáт-ко-то'', ''тáт-ков-ци'', ''тат-кóв-ци-те'', ''ма-кé-до-нец''), на вториот слог на двосложни зборови (пр. ''дé-те, мáj-кa, тáт-ко'') и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. ''рóг, с'рп, к'рв''). {{ref|OpstaОпшта}}
 
При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот.{{ref|OpstaОпшта}} Така имаме: '''учител - уч'ителот - учит'елите'' и сл.
 
;Отстапувања од третосложното акцентирање има:
Ред 22:
 
==Акцентски целости==
[[Акцентска целост|Акцентските целости]] се два или повеќе зборови подведени под заеднички акцент. Местото на акцентот во акцентската целост се определува според општото правило за македонскиот акцент{{ref|OpstaОпшта}}, односно третиот слог од крајот на зборот или на некој друг во зависност од должината на зборот/ целината. Акцентската целост најчесто е составена од{{ref|OpstaОпшта}}:
# два збора со сопствен акцент кои во акцентската целост претставуваат еден поим (пр. ''кисело млеко'');
#збор кој има сопствен акцент и [[клитика]] (пр. ''братучед ми'').
 
Во зависност од тоа какви зборови како членови влегуваат во состав на акцентската целост има{{ref|OpstaОпшта}}:
# акцентски целости од два полнозначни збора;
#акцентски целости со клитика, кои се нарекуваат и ''клитички изрази''.