Интернет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Интернет''' (од {{lang-en|Internet}}, букв. „меѓумрежа“) или '''семрежје''' е јавно достапен [[систем]] на меѓусебно поврзани [[сметачка мрежа|сметачки мрежи]] од целиот [[свет]], кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како [[TCP/IP]]. Интернетот се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани [[мрежно место|мрежни места]] (''websites'') и други документи од ''Пајажината'' ([[Светска пајажина]] - [[World Wide Web]], WWW).
 
Наспроти општоприфатеното користење, термините интернет и пајажина (''web'') не се синоними: интернетот е збирка на меѓусебно поврзани сметачки мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси (Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернет. Покрај пајажината, интернетот обезбедува и многу други [[мрежна служба|служби]], како [[е-пошта]], споделување на податотеки итн.