Владимир Филиповиќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
[[Податотека:Filipovic.jpg|мини|лево|Филиповиќ во Работнички]]
 
Владимир Филиповиќ започнал да тренира кошарка од свои 11 години во родниот град Лесковац. Со јуниорската екипа на Здравље – Лесковац, каде што ја носел и капитенската лента, остварува одлични резултати. Во 1999 година , го освојуваат турнирот на пионери и се закитуваат со златен медал. Со оваа победа добиваат право за учество во првенство на Југославија каде го освојуваат второто место. Во 2001 година,на свои 16 години Владимир дебитирал во првиот тим на Здравље од Лесковац. Во 2005 година, Филиповиќ заедно со својот тим зема учество на Holland Nordic Basketball Tournament во Гронинген- Холандија. Здравље – Лесковац го освојуваат третото место, а Филиповиќ е награден со трофеј за MVP играч на турнирот. Во 2007 година Владимир Филиповиќ потпишува договор со екипата на Работнички од Скопје, со која Владимир ја освојува титулата на Македонија во 2008/2009 година. Со тимот на Работнички исто така се пласира во финалето на Final four на балканската лига во Самоков- Бугарија, каде во финалето се поразени од домакинот на турнирот, екипата на Рилски Спортист. Во 2010 година Владимир Филиповиќ одигрува полусезона во тимот на Овче Поле од Свети Николе. Во вториот дел од сезоната се враќа во Работнички како капитен и игра финале за сезона 2010/2011 против екипата на Фени Индустри од Квадарци. Во финалето екипата на Работнички е поразена, но го освојува Final four турнирот на Македонија истата сезона. Во сезоната 2011/2012, Филиповиќ го носи дресот на тимот на Лирија од Скопје, со која успева да се пласира во полуфиналето на македонската кошаркарска лига но изгубиле од тимот на Фени Индусти од Кавадарци. Во 2012 година Владимир Филиповиќ потпишува договор со тимот на КК Кожув од Гевгелија. Со овој тим Владимир се пласира во финалето на македонската лига во сезоната 2012/2013 но губи од тимот на МЗТ Скопје. Во сезоната 2013/2014 Владимир Филиповиќ повторно го носи дресот на КК Кожув од Гевгелија.
Својата професионална кариера ја започнал во Здравље-Лесковац во 2001 год. Има настапувано за КК Работнички од Скопје од 2006 до 2010, каде забележал доста големи успеси во 2006 и 2010, која ја освоија македонската прва лига, во 2009 играле финале во БИБЛ (балканската лига) и го освоиле второто место т.е сребрен медал. Ова е всушност и најуспешната година во кариерата на Филиповиќ, а во 2011 го освојуваат купот на Македонија. 2010 е година кога тој ги предводи своите соиграчи и е еден од најзаслужните за победата на Работнички за шампион на Македонија. Филиповиќ во КК Работнички поминува најголем дел од својата кариера, а воедно и најубавите години од животот ги поминува со скопскиот 14 кратен шампион. Во 2010/2011, Филиповиќ заминува во КК Овче Поле од Свети Николе каде исто така ја добива честа да биде капитен на тимот. Овде останува само една полусезона, а на полусезоната се враќа во КК Работнички и игра финале и стануваат вицешампиони на Македонија.
 
2011/2012 доаѓа во КК Лирија од Скопје каде исто така останува само една сезона, а наредната 2012/2013 потпишува за КК Кожув од Гевгелија каде играа финале но загубија и се најдоа на второто место во македонската кошарка или како вице шампиони.
 
== Првиот трофеј на Владимир Филиповиќ ==
 
Првиот трофеј Филипович го освојува со екипата на КК Здравље од Лесковац како предводник на тимот односно капитен. Тие на 10 септември 1999 год. на турнирот за пионири на Србија го освоија првото место и се закитија со златен медал и со тоа стекнуваат право за учество на првенство на Југославија, каде го освојуваат второто место (односно сребрен медал).
Јуниорите на Здравје од Лесковац на познатиот Holand Nordic Basketball Tournament го освојуваат третото место (бронзен медал) во Гронинген во северниот дел на Холандија каде се одржува турнирот а Владимир Филипович е награден со треофеј за МВП играч на овој турнир 2005год.
 
== Надворешни врски==
* [http://basketball.eurobasket.com/player/Vladimir_Filipovic/FYR-Macedonia/KK_Kozuv_Gevgelija/45017 Профил на Филиповиќ] на eurobasket.com.