Бугарски централен акционен комитет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1:
'''Бугарскиот централен акционен комитет''' е раководно тело на асоцијацијата ''Бугарските акциони комитети'' кое било формирано на територијата на [[Вардарска Македонија]]. Целта на комитетот е да им помогне на новите бугарски власти полесно да ја воспостават контролата над штотуку окупираниот дел на [[Македонија]]. <ref name="GM"><small>''Ѓорѓи Малковски, „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941 - 1944“, Скопје, 1995.''</small> </ref>
 
== Распуштање ==
 
{{Странски пропаганди во Македонија}}
 
На [[7 јули]] [[1941]] година новата бугарска власт издала наредба за распуштање на Комитетот и еден дел од членовите на комитетот влегле во новата бугарска администрација. Меѓу историчарите постојат две гледишта за причините за растурање на комитетот. Според првото гледиште, комитетот е распуштен бидејќи бугарските власти немале повеќе потреба од него бидејќи успешно ја воспоставиле својата власт во овој дел на Македонија <ref name="GM"/>. Според второто гледиште, причина за распуштање е составот на Бугарските акциони комитети, односно неговите членови. Најголемиот дел од членовите на овие комитети биле поранешни дејци на [[ВМРО (Автономистичка)]], [[ВМРО (Обединета)]] и [[ММТРО]] кои се залагале за самостојана македонска држава. И затоа не треба да зачудува фактот што меѓу овие дејциии како симпатизери се јавуваат и [[Панко Брашнаров]] и [[Страхил Гигов]], имено бугарската влада плашејќи се да не и излезе од контрола БЦАК решава да го распушти само неколку месеци по неговото формирање <ref><small>''Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941 - 1944, Скопје, 2002.''</small></ref>.