Девизен пазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
ситна поправка
Ред 1:
'''''Девизен пазар''''' ({{lang-en|Exchange rate market}}) претставува место каде [[пари]]те деноминирани во една [[валута]] се разменуваат (купуваат и продаваат) со пари деноминирани во друга валута.<ref> Михаил Петковски, „Финансиски пазари и институции“ (второ и дополнето издание), Економски факултет – Скопје, 2009, стр. 117-119.</ref> Во потесна смисла на зборот, девизниот [[пазар]] претставува перманентно среќавање на [[понуда]]та и [[побарувачка]]та на слободни девизни средства (валути и [[девизи]]); додека во поширока смисла на зборот девизниот пазар опфаќа купопродажба на девизи, одржување на т.н. девизни позиции, девизна [[арбитража]], девизни шпекулации итн. Постоењето на девизниот пазар се јавува како неопходност со цел да се обезбеди непречено извршување на трансакциите меѓу партнери од различни земји.
 
Цената на една валута изразена во друга валута се нарекува [[девизен курс]].<ref>Горан Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 366.</ref> [[Девизен курс|Девизните курсеви]] на девизниот пазар се одредуваат преку интеракција на домаќинствата, [[Претпријатие|претпријатијата]] и [[финансиски институции|финансиските институции]], кои купуваат и продаваат девизи за да вршат меѓународни плаќања.
Ред 5:
== Карактеристики на девизниот пазар ==
 
Мерено според обемот на трговија, девизниот пазар е убедливо најголемиот [[финансиски пазар]]: во светски рамки, дневниот промет на традиционалниот девизен пазар изнесува 4 трилиони [[Долар|долари]]. Благодарение на различните временски зони, девизниот пазар претставува единствен, глобален пазар кој работи нон-стоп. Девизниот пазар не е институционализиран, како што се [[Берза|берзите]] на [[хартии од вредност]], туку претставува мрежа на голем број [[Банка|банки]] ширум светот, меѓусебно поврзани преку средствата за комуникација ([[телефон]], [[факс]], [[интернет]]-врските, т.е. воопшто не постои физички контакт помеѓу учесниците) кои прават девизниот пазар да е единствениот пазар на кој „сонцето никогаш не заоѓа“.<ref>Михаил Петковски, „Меѓународни финансии“, Економски факултет – Скопје 2008 год..стр.335</ref>. Сепак, најголем дел од светската трговија со девизи се извршува во неколку поголеми финансиски центри, како што се: [[Лондон]], [[Њујорк]], [[Токио]], [[Цирих]] и [[Сингапур]]. [[Банка|Банките]] се јавуваат како главни учесници на девизниот пазар, а покрај нив, учествуваат и претпријатија, девизни [[Брокер|брокери]], [[небанкарски финансиски институции]] (како што се:[[пензиски фонд|пензиските фондови]], [[инвестициски фонд|инвестиционите фондови]], [[осигурителна компанија|осигурителните друштва]] и др.) и [[Централна банка|Централните банки]]<ref>Горан Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 366.</ref>.
 
=== Функции на девизниот пазар ===
Ред 26:
=== Учесници на девизниот пазар ===
 
Главни учесници на девизниот пазар се комерцијалните банки, корпорациите кои се вклучени во меѓународната трговија, небанкарските институции и централните банки.<ref>Михаил Петковски, „Меѓународни финансии“, Економски факултет – Скопје 2008 год., стр. 333 - 335.</ref> На девизниот пазар, исто така, можат да учествуваат и поединци (на пример: турист кој купува девизи од рецепција во [[хотел]]), но таквите готовински трансакции имаат незначителен удел во вкупната [[трговија]] со девизи.
 
# '''Комерцијални банки''' – Комерцијалните банки се во центарот на девизниот пазар затоа што скоро секоја поголема меѓународна трансакција вклучува задолжување и [[кредит]]ирање на сметките на комерцијалните банки во различни финансиски центри. Така, најголем број на девизни трансакции вклучуваат размена на [[депозит|банкарски депозити]] деноминирани во различни валути. Банките рутински тргуваат на девизниот пазар за да ги задоволат потребите на своите клиенти – пред се корпорациите. Покрај тоа, сите банки, исто така, ги објавуваат и девизните курсеви по кои таа е подготвена да купи или продаде девизи од/на другите банки. Овие курсеви се наречени меѓубанкарски курсеви и според нив се тргуваат суми поголеми од 1 милион [[долар]]и. Девизното тргување помеѓу банки – наречено меѓубанкарско тргување (анг:[[interbank market]]) – е една од најзастапените активности на девизниот пазар. Курсевите кои им се нудат на клиентите-корпорациите, наречени малопродажни курсеви, обично се понеповолни од големопродажните меѓубанкарски курсеви. Разликата помеѓу малопродажните и големопродажните курсеви, всушност, е надоместокот на банката за извршената работа или услуга. Важноста на банките на девизниот пазар се гледа во тоа што тие се во можност да ги доведат купувачите и продавачите на девизи на едно место. Со услужувањето на повеќе клиенти истовремено, преку единечно големо купување на определена валута, банката може да заштеди на [[трошоци|трошоците]] кои се појавуваат при наоѓањето на информации. Првиот пазар каде банките купуваат (или продаваат) девизи на претпријатијата се нарекува пазар на мало (анг: [[retail market]]); додека пазарот каде банките тргуваат меѓу себе се нарекува пазар на големо (анг: [[wholesale market]]).
Ред 36:
 
Во зависност од времето кога купувачот и продавачот на девизи ги извршуваат своите обврски, разликува два вида на пазари:<ref>Горан Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 367.</ref>
#'''Промптен девизен пазар''', т.е. пазар со сегашна испорака – (анг:[[spot market]]), каде што двете страни постигнуваат согласност за размена на девизите и ја извршуваат трансакцијата веднаш. Со други зборови, тоа се трансакции кои се извршуваат веднаш (моментно), т.е. продавачот ги продава девизите, а купувачот ја плаќа [[цена|цената]]. Но, се случува самото извршување на трансакцијата да не се изврши на датата кога е склучена, туку вообичаено е преносот и плаќањето на девизите да се врши најдоцна до два дена од денот на склучувањето на трансакцијата. Ова задоцнување се јавува поради тоа што, во повеќето случаи, потребни се два дена за давање на инструкции за плаќање (како што се [[чек]]овите) за да поминат низ целиот банкарски систем.<ref>Михаил Петковски, „Меѓународни финансии“, Економски факултет – Скопје 2008 год.стр.336</ref>
#'''Термински девизен пазар''', т.е. пазар со идна испорака – (анг: [[forward market]]), каде што трансакцијата се склучува денес, но самата купопродажба се извршува на некоја дата во иднината. Вообичаените учесници на терминскиот девизен пазар се: арбитражерите (кои се задолжени да ја чуваат валутата), шпекулаторите и хеџерите (анг:[[hedger]]s).