Чемпреси: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 24:
}}
 
'''Чемпресите''' или '''кипариси''' ({{науч|Cupressaceae}}) се [[фамилија (биологија)|фамилија]] на [[четинар]]ски [[растенија]] со распространетост ширум [[космополитизам (биологија)|целиот свет]]. Опфаќа 27 до 30 [[род (биологија)|рода]] (од кои 17 монотипни), каде спаѓаат [[смрека]]та и [[секвоја]]та. Целата фамилија брои вкупно 130-140 [[вид (биологија)|вида]]. Полово се еднодомни, поддводомни и (ретко) дводомни. Растенијата имаат облик на [[дрво (растение)|дрва]] или [[грмушка|грмушки]] со раст од 1 до 116 м. [[Кора]]та кај возрасните дрва најчесто е портокалова до црвенокафеава. Има врвчеста структура и се лупи надолжно, но некои видови имаат мазна, лушпеста или коцкесто распукана кора.
 
[[Лист (ботаника)|Листовите]] се распоредени спирално или како спротиставени парови нормално еден на друг, или пак спротиставено ѕвездести со 3 или 4 листа, зависно од родот. Кај младите дрвца листовите се иглести, а кога ќе достигнат зрелост стануваат помали и лушпести. Ова е случај кај највеќето родови, но има и такви што остануваат иглести до крајот на животот. Старите листови не паѓаат поединечно, туку во грстови. Исклучок се листовите на младорастите, кои израснуваат во гранки, па паѓаат поединечно кога кората ќе почне да се лупи. Највеќето видови се [[зимзелено дрво|зимзелени]], чии листови траат од 2 до 10 г, но три рода (''Glyptostrobus, Metasequoia, Taxodium'') се [[листопадно дрво|листопадни]] или имаат листопадни видови.