Жан Антелм Брија-Саварен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:brillat-savarin.jpg|мини|десно|200п|Жан Антелм Брија-Саварен]]
[[Податотека:Jean Anthelme Brillat-Savarin.jpg|мини|десно|250п|Насловната страница на „Физиологија на вкусот“, издание од 1848 г.]]
'''Жан Антелм Брија-Саварен''' ({{lang-fr|Jean Anthelme Brillat-Savarin}}; ([[1 април]], [[1755]], [[Беле]], [[Франција]] - [[2 февруари]], [[1826]], [[Париз]], [[Франција]]) — француски правник и политичар, кој се прославил како [[епикурејство|епикуреец]] и [[гастрономија|гастроном]]. Заедно со А.Б. Гримо се прославиле како основачи на гастрономскиот жанр во пишувањето.

Роден е во гратчето [[Беле]], [[Ен (департман)|Ен]], каде во тоа време реката [[Рона]] ја делела Франција од [[Савоја]], во правничко семејство. Учел [[право]], [[хемија]] и [[медицина]] во [[Дижон]], а потоа работел како правник во родното место. Во [[1789]], на почетокот на [[Француска револуција|Француската револуција]] бил пратен како заменик на [[Народно собрание на Франција|Народното собрание]], набргу променето во [[Национално уставотворно собрание]], каде донекаде се стекнал со име, особено заради неговиот јавен говор во одбрана на [[смртна казна|смртната казна]]. Второто презиме Саварен го земал од тетка си, која пред својата смрт му го оставила сето свое богатство под услов да го додаде и нејзиното презиме.
 
Подоцна за време на револуцијата по него се распишала и потерница, па така Брија-Саварен пребегал во [[Швајцарија]]. Потоа се преселил во [[Холандија]], а потоа во новосоздадените [[Соединети Американски Држави]], каде останал три години во Бостон, Њујорк, Филаделфија и Хартфорд, издржувајќи се со давање на часови по [[француски јазик|француски]] и [[виолина]]. Извесно време бил и прва виолина во [[Парк Тиатер]] во [[Њујорк]].