Жан Антелм Брија-Саварен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:brillat-savarin.jpg|мини|десно|200п|Жан Антелм Брија-Саварен]]
[[Податотека:Jean Anthelme Brillat-Savarin.jpg|мини|десно|250п|Насловната страница на „Физиологија на вкусот“, издание од 1848 г.]]
'''Жан Антелм Брија-Саварен''' ([[фр.]] ''Jean- Anthelme Brillat -Savarin''), ([[1 април]], [[1755]], [[Беле]], [[Франција]] - [[2 февруари]], [[1826]], [[Париз]], [[Франција]]) — француски правник и политичар, кој се прославил како [[епикурејство|епикуреец]] и [[гастрономија|гастроном]]. Роден е во гратчето [[Беле]], [[Ен (департман)|Ен]], каде во тоа време реката [[Рона]] ја делела Франција од [[Савоја]], во правничко семејство. Учел [[право]], [[хемија]] и [[медицина]] во [[Дижон]], а потоа работел како правник во родното место. Во [[1789]], на почетокот на [[Француска револуција|Француската револуција]] бил пратен како заменик на [[Народно собрание на Франција|Народното собрание]], набргу променето во [[Национално уставотворно собрание]], каде донекаде се стекнал со име, особено заради неговиот јавен говор во одбрана на [[смртна казна|смртната казна]]. Второто презиме Саварен го земал од тетка си, која пред својата смрт му го оставила сето свое богатство под услов да го додаде и нејзиното презиме.
 
Подоцна за време на револуцијата по него се распишала и потерница, па така Брија-Саварен пребегал во [[Швајцарија]]. Потоа се преселил во [[Холандија]], а потоа во новосоздадените [[Соединети Американски Држави]], каде останал три години во Бостон, Њујорк, Филаделфија и Хартфорд, издржувајќи се со давање на часови по [[француски јазик|француски]] и [[виолина]]. Извесно време бил и прва виолина во [[Парк Тиатер]] во [[Њујорк]].
 
Се вратил во Франција за време на [[Директорат]]отДиректоратот во 1797 г. и бил поставен за судија во [[Касациски суд (Франција)|Касацискиот суд]], каде работел до крајот на животот. Издал неколку книги на тема право и политичка економија. Никогаш не се оженил, туку бил во врски, а љубовта ја сметал за шесто сетило.
 
Неговото најпознато дело, „Физиологија на вкусот“ (''Physiologie du goût'') е издадено во декември [[1825]], два месеца пред неговата смрт. Полниот наслов е
''Physiologie du Goût, ou Méditations de Gastronomie Transcendante; ouvrage théorique, historique et à l'ordre du jour, dédié aux Gastronomes parisiens, par un Professeur, membre de plusieurs sociétés littéraires et savantes''.<ref>„Физиологија на вкусот, или Размисли за трансцедентната гастрономија: теоретско, историско и тематско дело, посветени на гастрономите во Париз од професорот, член на неколку книжевни и научни друштва“</ref>
 
Ова дело, иако опширно и премногу - и понекогаш двосмислено - [[афоризам|афористичко]] и [[аксиома|аксиоматско]], останува од огромно значење и предмет на анализи од смртта на авторот, наваму. Ова се низа размисли („медитации“) донекаде налик на [[Мишел де Монтењ|Монтењ]]овите есеи, со говорен ритам на едно неизбрзано време на интелектуални подвизи. Тука Брија-Саварен расправа за задоволствата на трпезата, кои тој ги смета за наука. Неговите домашни модели биле стилистите од „[[Стар режим|Стариот режим]]“: [[Волтер]], [[Жан-Жак Русо|Русо]], [[Франсоа Фенелон|Фенелон]], [[Жрож-Луј Леклерк де Буфон|Буфон]], [[Пјер-Сузен-Огистен Кошен|Кошен]] и [[Анри-Карден-Жан-Батист Дагесо|Дагесо]]. Освен [[латински јазик|латинскиот]], зборувал и пет современи јазици, и не се стегал тоа да го покаже во соодветни прилики. Како модернист, никогаш не колебал да позајми збор, како на пример англискиот ''sip'' (скрнување) кога францускиот не можел да му послужи во дадената ситуација.
з
 
Брија-Саварен бил вистински следбеник на философијата на [[Епикур]]; него го задоволувало и наједноставно јадење, доколку било создадено со творечки дух:
:''Оние кои страдаат од тешко варење, или кои се пијанат, се наполно неуки за вистинските начела на јадењето и пиењето.''