Клод Симон: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Во изработка}} ==Биографија== Клод Симон (10 октомври 1913, Тананирва, сега Антан...
(нема разлика)

Преработка од 21:08, 1 февруари 2014

Биографија

Клод Симон (10 октомври 1913, Тананирва, сега Антанариво, Мадагаскар - Париз 6 јули 2005) е француски белетрист, добитник на Нобелова награда за литература во 1985 година за творештво што ги поврзува поетскиот и живописниот креативен принцип. Татко му е убиен за време на Првата светска војна. Учел во колеџот „Станислас“ во Париз. Учествувал во Втората светска војна. Бил заробен но избегал и се вклучил во Движењето на отпорот.[1]

Творештво

Во своето творештво Симон ја раскинува класичната форма на расказот, без да го обезличи раскажувањето. Претставник на „новиот роман“, Симон е обземен од идејата за свет во кој се се одвива како на филмска лента, без длабочина, од создавањето на јазички слики со кои мислата може да игра бескрајно, без да постигне некогаш состојба на задоволеност. Во неговата белетристика, дури и кај најпрецизните описи, всушност недостасува објектот. Сите негови книги напишани на една или друга техника, се конструираат околу едно очекување на кое авторот не дава одговор. Во своите први романи „Ветер“ (1957), „Трева“ (1958), „Патот за фландарија“ (1959), „Дворец“ (1962) и „Историја“ (1967) Симон ја изостава традиционалната интрига за да воведе личности кои минуваат од светот на спомените и мечтите. Подоцна, во есеите „Слепиот Орион“ (1970) и во новите раскази „Фарсалската битка“ (1969). „Триптих“ (1973) и „Георгики“ (1981) Клод Симон дава примери на нова практика во литертаурното пространство, кадешто фрагментерната реалност се рекомпензира, преименувајќи ритам до описната литература.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009