Кожа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, обновување
Ред 66:
 
== Боја на кожата ==
Кожата е [[орган]] што се одликува со сопствена [[боја]] што може да упати на одредена состојба на организмот.
Бојата на кожата зависи од низа фактори, вклучувајќи ги и следните:
* Количеството на [[пигмент]] во [[епидермис]]от;
* Количеството [[крв]] што циркулира во површинските [[крвни садови]];
* Составот на [[крв]]та што циркулира (присуство или отсуство на [[кислород]], концентрација на [[хемоглобин]], присуство на [[жолчни сребрени соединенија]] или други [[хемикалии]]).
 
=== Што ја дава бојата на кожата? ===
Тоа е [[пигмент]]от [[меланин]]. Овој [[пигмент]], исто така, се наоѓа и во [[влакна]]та, во средината на [[очното јаболко]], во [[ирис]]от на [[око]]то и во некои [[тумор]]и. [[Меланин]]от е присутен кај луѓето од сите раси, но [[црнци]]те го имаат во многу поголемо количество во своите [[ткива]]. [[Меланин]]от и помага на кожата во заштита од ултравиолетовите зраци на сонцето. Така кожата што е изложена на [[сонце]] покажува нормално зголемување на овој пигмент, поради што кожата потемнува.
 
Понекогаш има абнормално зголемување на количеството на [[меланин]], обично за одредени делови на или под површината на телото. На пример, дифузно расфрланите дамки со [[пигментација]] може да се карактеристика на некои ендокрини болести.
 
Бојата на кожата може да се промени како последица на некои внатрешни нарушувања. На пример, жолтеникава боја на кожата може да биде последица на:
* Притисок на [[тумор]]от врз изливниот канал од [[жолчното ќесе]] или затнување на каналот, со што се спречува протокот на [[жолчка]]та во тенкото црево.
* [[Воспаление на црни дроб]] ([[хепатитис]] или [[жолтица]])
* Некои болести на [[крв]]та при кои [[еритроцити]]те се распаѓаат многу брзо.
 
Друга причина за промена на жолтеникавата боја на кожата може да е обилното јадење [[морков]]и кои имаат [[каротин]]и, или слично обоени [[растенија]]. Ваквата состојба е наречена [[каротинемија]].<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.154</ref>
 
Хроничните труења можат да ја изменат бојата на кожата во сива или кафеава. Необичната бронзена боја се јавува при [[Адисонова болест]] (оштетена функција на надбубрежните жлезди). Многу други болести предизвикуваат промена на бојата на кожата.
 
Дејството на повеќе надворешни фактори можат да предизвикаат оштетувања на кожата (рани). Тие можат да се појават на некои места или по целото [[тело]]. Таквите повреди можат да се придружени и со [[инфекции]], па затоа е неопходно да се преземат одредени мерки за да се спречи влегувањето на [[патогени микроорганизми]] и [[токсин]]и во внатрешните [[ткива]] или [[телесни течности]].<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.154/155</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кожа