Трамвајски превоз во Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
[[File:LRT proposed Trifun Kostovski.jpg|thumb|Фаза 1 од планот на градоначалникот Трифун Костовски (Ново Лисиче - Градска болница)]]
[[File:LRT Jane Sandanski boulevard.jpg|thumb|Трамвај на најдесната лента од бул. Јане Сандански]]
За време на градоначалствувањето на [[Трифун Костовски]] во периодот од 2005 до 2009 година повторно се актуелизира идеата за воведување на трамвајски превоз во Скопје. Трамвајот е замислен како основа на јавниот превоз во Скопје, а автобускиот да го надополнува на најфрекфрентните правци. По пауза од скоро 20 години, градот повторно распишува тендер за идеен проект и предпроектни проучувања за изградба на трамвајска линија на трасата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, преку Центарот. Основната побуда за оваа иницијатива е фактот што на Скопје му е потребен алтернативен јавен градски превоз со поголем капацитет и подобри перформанси од автобускиот. Во правата фаза беше предвидена изградба на трамвајска линија од населбата Ново Лисиче кај крајните станици на линиите 5 и 15 до Центарот на градот кај Градската болница. Трасата долга 9 километри требаше да оди долж булеварите Јане Сандански, К. Ј. Питу се до Народната банка. Понатаму по Кејот 13ти Ноември до хотелот Холидеј Ин и Градската болница. Таму линијата би свртувала по булеварот 11ти Октомври и Кочо Рацин, во близина на Олимпискиот базен. На тој начин се оформува кружно движење на трамвајските возила во центарот на градот.
 
Според проектот, трамвајските шини требало да се градат во крајните десни ленти на коловозите (жолтите ленти кои сега се резервирани за автобусите, но често се узурпираат од неправилно паркирани автомобили), при што 2,9 километри би биле единечни шини, додека 6,1 километар двојни. На трасата било предвидено да има 22 постојки, а по истата да сообраќаат 8 шински возила во првата фаза. Предвидена била и изградба на трамвајско депо во Ново Лисиче. Според проценките, сумата потребна за завршување на првата фаза би била во распонот помеѓу 45 и 50 милиони евра. Целиот проект за трамвајски превоз во градот предвидува изградба на мрежата во четири фази од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Според тогашните најави, трамваите во Скопје требаше да започнат да возат во 2010 година.