Хенрик Шенкевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
'''Хенрик Адам Александар Пиус Сјенкјевич''' ({{lang-pl|Henryk Sienkiewicz}}) ({{роден на|5|мај|1846}} – {{починал на|15|ноември|1916}}) бил [[Полска|полски]] [[новинар]] и романописец, добитник на [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]] во [[1905]] година. Бил еден од најпопуларните полски писатели на преминот од [[19 век|19]] кон [[20 век]]. Негово најпознато дело е романот „[[Кво вадис (роман)|Кво вадис]]“ (Quo Vadis) од [[1895]] година, во кој се опишува ширењето на [[христијанство]]то во [[Рим]], како и палењето на Рим од страна на [[Нерон]], за што ги обвинил христијаните.
==Творештво==
Првите повести и [[раскази||расказ]] на Сјенкевич ги одразувале идеите на позитивизмот опишуваат со песимизам горчина на неправедноста на светот и [[мизеријата]], и тоа најмногу во „Хуморески“ (1872), „Скици со јаглен“ (1880), „Јанко музичарот“ (1880), „За леб“ ([[1880]]).Големиот белетристички талент
Сјенкевич ги покажал во неговите историски романи. Во трилогијата „Со оган и меч“ ([[1884]]) - „Потоп“ (1886) - „Пан Володјовски“ (1887-88) ја воскреснал историјата на [[Полска]] од 17 век и победоносните битки против Козаците, Швеѓаните и Турците. Романот „Крстоносците“ ([[1900]]) ја третира борбата на полскиот народ против германските завојуваачи и победата на [[Словените]] над Тевтонскиот ред кај Кринвалд и Таненберг (1410). Исполнети со [[патриотизам||патриот]], историските романи му се најдобро постигнување во полската литература. Вештината на раскажувач, што создава драматиски дејства, блескави сцени, богато опишување на ликовите и совршенството на јазикот и стилот, му донесле светска популарност.