Инвестициски фонд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
 
== Инвестиционите фондови во Република Македонија ==
Тргнувајќи од неспорниот факт за повеќекратните позитивни ефекти од дејствувањето на институционалните наспроти индивидуалните инвеститори, и [[Република Македонија]] се определи за прифаќање на овој вид финансиски институции во својот систем. Тоа е сторено со [[Законот]] за инвестиционите фондови, на чие донесување му претходeла неколкугодишна работа од страна на експертска група, формирана во рамките на [[Комисија за хартии од вредност|Комисијата за хартии од вредност]] на Република Македонија.
 
Во Законот за инвестиционите фондови, инвестициониот фонд се дефинира како здружување на парични средства наменети за вложувања во [[хартии од вредност]], парични [[депозит]]и и други средства, кои средства се прибираат од вложувачите преку јавен повик за продажба на документи за удел кај отворените, односно акции кај затворените фондови, со кои за сметка на вложувачите управува друштвото за управување со фондови (член 4 од Законот за инвестиционите фондови).<ref>[http://www.mse.org.mk/Repository/UserFiles/File/Misev/Regulativa/ZIF/Zakon%20za%20Investicioni%20fondovi%209-2000.pdf Закон за инвестиционите фондови], „Сл. весник на Р Македонија”, бр. 9/2000 од 10.2.2000 год.</ref> Значи, се работи за модел на индиректно вложување, кога заинтересираните вложувачи не вложуваат директно во хартии издадени од трговски друштва или други субјекти, туку тоа го прават посредно, преку вложување во инвестиционен фонд кој понатаму вложува во нивно име и за нивна сметка кај затворениот фонд или во свое име, а за нивна сметка кај отворениот фонд.