Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис
Ред 33:
Михаил како епархиски архиереј, Митрополит повардарски бил избран за поглавар на Македонската православна црква на [[4 декември]] [[1993]] година. Архиепископот Михаил дошол на чело на МПЦ две години по осамостојувањето на [[Македонија]] која како држава. Тој станал единствениот духовник на кого му било понудено местото на претседател на државата. На почетокот на 90-тите години Михаил требало да биде еден вид ''македонски Макариос'', но тој се откажал од овој предизвик несакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,
 
Како надлежен за Американската епархија, Михаил успеал да ги прибере големиот број на верници, да ги надмине сите спорови, а со таа овозможи оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак тој неуспеал да отпатува за [[Австралија]], затоа што несакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници [[Македонци]]. Водел преговори и со преставници на [[Српска православна црква|Српската православна црква]] за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви.
 
За време на неговото архиепископувањебиле направени потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така за негово време се зголемила издавачката дејност во МПЦ, при што биле отпечатени повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина.