Пајонци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
== Племенска организација ==
 
По 550 г. прп. н.е. Пајонците станале особено значајна сила. Групирни во повеќе племиња, тие ја населувале областа која може да се лоцира од Грделичката клисура на север, до [[Пела]] и утоката на [[Вардар]] на југ, до реката [[Струма]] на исток и [[Пелагонија]] на запад, заедно со целиот тек на Вардар. Пајонците имале цврста племенска организација, што се потврдува и со појавата на [[Пајонско племенско и кралско монетоковање|пајонски племиња]] кои уште во втората половина на VI век и прва половина на V век прп. н.е. ковале свои пари.
 
Цврстата племенска организација и зголемената моќ ќе овозможат Пајонците да преземат освојувачки походи. Таков бил нападот над жителите на Абдера, кој веројатно се одиграл пред Персиските освојувања и бил со грабежнички карактер, а за кој податици дава [[Пиндар]] во пеанот за Абдерите. Херодот раскажува дека Пајоните (од Струма), уште пред походот на [[Мегабаз]] против [[Тракија]], некаде околу средината на VI век прп. н.е., го нападнале градот Перинт на Пропонтида нанесувајќи му голем пораз. Според некои научници за да водат војни со Перинт, Пајоните во тоа време требале да го држат тракиското крајбрежје .
 
Во текот на VI век пр. н. е. Персиското царство се јавува како нова воено-политичка сила на Балканот. По освојувањето на малоазиските грчки градови, следен чекор на Персија ќе биде освојувањето на матична Грција. ПерсијанцитеПерсијците биле одлични стратези и вниметелно се подготвувале за секој воен поход. Поради фактот дека европските Грци практично неможеле да се победат, персиската граница требало да се прошири до таму да се поклопи со границите на грчките држави на море и копно. Според Херодот, Персискиот војсководец Мегабаз го покорил [[Перинт]] и тргнал со војската низ Тракија, па ги натерал сите народи да се покорат на [[Дариј]]. Во врска со овој поход, Херодот раскажува и за нападот над пајонските градови од страна на персиската војска. Походот се случува 511 год. пр. н. е., а целта на ПерсијанцитеПерсијците била да се освојат Пајонците поради тоа што преставувале значителна сила, а не заради нивните убави и вредни жени како што раскажува Херодот. По овој настан пајонските племиња Сиропајони, Пеопли и оние што биле населени вдолж езерото [[Прасијада]] биле преселени во [[Мала Азија]], од каде што околу 500 г. прп. н.е. со бунтот на Јонците против ПерсијанцитеПерсијците биле вратени назад. По походот на Мегабаз, Пајонците биле ослабени па тоа го искористиле тракиските племиња Одоманти и Сатри кои се населиле дури до Пангајон.
 
==Племиња==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пајонци